top of page

БИДИ И ТИ ДЕДО МРАЗ - ИГРА ЗА РОДИТЕЛИТЕ


Коалицијата за заштита на децата сака да ги поттикне и мотивира сите граѓани на Македонија, особено родителите, кои можат тоа да си го дозволат, оваа година да станат Дедо Мраз за 2-3 социјално загрозени деца што ги знаат.


Може да бидат деца од училиштето на вашите деца или дете кое го гледате на улица како проси, без разлика дали е Албанче, Македонче, муслиманче или христијанче.


Дури и најевтиното новогодишно пакетче од продавница или пак пакетче што самите ќе го направите, ќе биде голема радост за едно такво дете, кое можеби не може да има ниту едно чоколатце за Нова Година.


Може да учествуваат и оние од дијаспората преку нивни пријатели и роднини што живеат во Македонија.


Задачата е да ги дарувате пакетчињата во следните неколку дена, најдоцна до 2-3 јануари и да ни напишете како се чувствувавте како Дедо Мраз. Без детали за децата што сте ги дарувале, за да останат анонимни, туку само осврт на вашите чувства и дали повторно следната година би биле Дедо Мраз.


Вашите мисли може да ни ги испратите на koalicija@zadecata.org и ние ќе ги објавиме во посебна збирка, наречена:


БИДИ И ТИ ДЕДО МРАЗ!

228 views0 comments
bottom of page