По покана на Македонското обединувачко движење МОД, Коалицијата за заштита на децата на ден 26-ти јуни 2022 година оддржа говор на соборот за заштита на семејните вредности. Во прилог, ви го доставуваме целиот говор:
Прв проблем на денешното опшество е недостиг на вистинска љубов и глорифицирање на себичен и егоистичен живот. Љубовта
Во последно време, често се користи фразата „ЉУБОВ е ЉУБОВ“, за да се оправдаат сите перверзии, секое либерално сексуално поведение, секоја необуздана телесна страст и разврат. Но, што всушност преставува љубовта и каква е вистинската љубов што треба да ја промовираме? Љубов е кога една млада жена ќе одлучи да го задржи своето бебе, бидејќи сака да подари живот, на кој ќе му се посвети, иако знае дека тоа ќе ја ограничи во нејзината кариера. Љубов не е кога таа ќе реши да го абортира бебето, затоа што немала убаво да изгледа со голем стомак или на плажата додека се сонча.
Љубов е кога мажот нема да ја напушти жената/девојката, веднаш штом ќе разбере дека таа е бремена, ниту ќе бара да го абортира бебето, туку ќе си ја преземе одговорноста и ќе застане покрај неа, ветувајќи дека заедно ќе го подигнат тоа дете, во брак.
Љубов е кога мајката ќе помине непреспиени часови над своето новородено бебе, обидувајќи се да му ја спушти температурата. Љубов е кога таткото ќе работи напорно, за да обезбеди средства за домот и ќе се откаже од сите пороци, за да биде пример за своето дете.
Љубов не е кога еден оженет маж ќе има афера со сопругата на комшијата или ќерката на колегата, бидејќи не можат да ги обуздат и контролираат своите страсти. Денес живееме во време кога себичноста и неодговорноста се величаат во име на слободата, либералноста и прогресивноста.
Сè повеќе двојки/парови живеат заедно, без да стапат во брак, бидејќи не сакаат да си ветат доживотна верност и не сакаат одговорност, обврски и пожртвуваност. Сè повеќе парови одлучуваат абортусот да го користат како контрацептивно средство, не затоа што немаат пари, туку не сакаат едно бебе да им претставува обврска и да им ги наруши мирот и слободата.
Да, вистина е: бракот и семејството подразбираат верност и лојалност, одговорност, обврска, пожртвуваност.. непреспиени ноќи, откажување од планираниот одмор, одложување на своите планови... но, токму тоа е љубовта. Нашите родители го правеле сето тоа, бидејќи нè љубеа нас и се љубеле еден со друг. Ако сакате живот без овие работи, тоа е ваше право, но немојте тоа да го нарекувате љубов, бидејќи тоа е само еден себичен живот.
Вториот преблем на денешното опшество е уривањето на сите морални вредности и обид да се поткопаат основните постулати на човечкот род. Целото човештво, сите генерации, народи и кулутири знаат дека едно семејство се формира, кога маж и жена ќе се сврзат заедно.
Целото човештво знае дека секое дете има татко и мајка.
Целото човештво е поделено на две биолошки групи: мажи и жени. Клучниот елемент на оваа поделба се биолошките/физичките разлики, од кои произлегуваат и останатите разлики . За жал, живееме во време кога се појавуваат нови идеологии, кои го негираат она што е очигледно и научен факт. Па така, денес на сила сме убедувани дека:
- Двајца татковци, или две мајки се подеднакво добар концепт за детето.
- Врските помеѓу двајца мажи се потполно природни и без последици.
- Полот/родот е флуиден и може да се менува и секој може да си избере што сака да биде.
- Поимот маж и жена повеќе не значат ништо, бидејќи нема јасна дефиниција и секој може да се изјасни како маж или жена, без никаков посебен доказ или услов. За жал, ваквите идеологии се покажаа екстремно штетни, дури и при првичните резултати. Веќе има илјадници деца и млади, кои збунети од оваа идеологија, одлучиле да го „сменат“ својот пол и се физички осакатени. Поради примање на хормонални терапии и блокатори на пубертет, веќе се појавуваат несакани ефекти: остеопороза, рак, стерилитет, дополнителни ментални проблеми, депресија...
Децата и младите во западниот свет, кои се задоени и индоктрнирани од ова учење, сето ова го прифаќаат како помодарство и тоа се шири како епидемија помеѓу нив. На пример, веќе слушаме дека синот на Елон Маск одлучил да биде женско, а ќерката на Џенифаер Лопез сака да биде машко.
Исто така, жените стануваат сè позагрозени од страна на мажи предатори, кои се идентификуваат како жени. Сега тие доминираат во женските спортови, во женските соблекувални, бањи, затвори и заштитнички центри.
Да не зборуваме и за медицинските и здравствени последици од хомосексуалните врски или операциите за „промена“ на пол.
За среќа, светот се буди и почнува да се крева против ова лудило:
- Во Америка веќе има одлука, со која се забранува мажи што се самоидентификуваат како жени да се натпреваруваат во женски спортови и ова ќе следи и на светско ниво.
- Цртаните филмови, кои промовираат ЛГБТ идеологија, се бојкотирани од страна на родителите и тие трпат големи загуби.
- Компанијата ДИЗНИ, која донесе одлука 50% од нивните ликови да бидат трансродови, исто така се соочува со голем пад на нивните акции.
- Полска забрани индоктринација на децата во училиште со ЛГБТ идеологија.
- Веќе има огромен број на млади, кои зажалиле за транзицијата во друг пол и се враќаат во нивниот природен пол од раѓање;
- Во Америка се подготвува закон, со кој компаниите и институциите, кои учествувале во овие транзиции, ќе може да бидат тужени и казнети.
- Родителите самостојно се организираат и спречуваат во училиштата да влезе трансродова литература или порногравски материјали, промовирани од прогресивни организации и активисти.
- Дури и учители, спортисти и јавни личности, застануваат храбро и се спортиставуваат на оваа идеологија, одбиваат да ја поучуваат и да ги носат ЛГБТ одбележјата. Будењето почна насекаде, така и во Македонија. Свесни дека кај нас има обиди оваа радикална родова идеологија да влезе во училиштата преку ССО и РСО, преку промена на законот за матична евиденција и преку парадите, група на освестени родители и граѓани формиравме Коалиција за заштита на децата.
Оваа Коалиција се залага за заштита на децата од идеолошка индоктринација дека полот може да се промени, се залага за традиционалните вредности на семејството, сочинето од мајка, тактко и деца (а не од родител 1 и родител 2 и деца од сурогат мајки), како и за рамноправност помеѓу мажите и жените. Коалицијата верува дека децата заслужуваат да имаат слободно и безбедно детство, а мажите и жените постојат за да се надополнуваат меѓу себе. Коалицијата постои благодарение на волонтерските заложби на храбри родители, што безусловно си ги сакаат своите деца. Токму затоа, кон ова тело се приклучија повеќе од 25 здруженија, кои се на страна на биолошката вистина и традиционалните вредности, а е поддржана и во партнерство со други организации од Балканот, Европа и Америка.
Ве повикуваме сите вас да се запознаете подетално со Коалицијата на официјалната веб страна www.zadecata.org, и да помогнете истата да расте со членови, коалициони партнери, спонзорства и донации.
Ние, како родители и како народ, треба да застанеме во заштита на нашите бракови, нашите семејства и нашите деца. Но, ова не зависи од двајца-тројца, кои ќе се залагаат.
Ова зависи од сите нас!
Кога ќе забележите дека вашето дете е индокринирано, реагирајте!
Кога ќе се нудат закони што се штетни за вашите деца и ги одземаат правата на родителите, реагирајте!
Кога ќе бидете повикани на протести - реагирајте!
Реагирајте - СЕГА!
Kommentare