top of page

БИРОТО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ПРОМОВИРА РОДОВА ИДЕОЛОГИЈА?




Неодамна јавно беа објавени прашањата на анкета што се спроведува низ училиштата помеѓу 11, 13 и 15 годишни ученици, а која е со цел да се видат "Однесувањата поврзани со здравјето кај деца на училишна возраст". Оваа студија е одобрена од Бирото за развој на образованието (БРО), беа опфатени 6000 ученици и содржи контроверзни прашања што се поставуваат на деца дури на 11 години, како на пример:


Како се идентификуваш: како машко, женско, ниту машко ниту женско, друго?


Дали би живееле: маж со маж или жена со жена?


Дали ве привлекуваат: девојчиња, момчиња, и девојчиња и момчиња, сѐ уште никој?


Од БРО се правдаат со тоа што оваа студија е меѓународна, се спроведува низ 51 земји во светот и се однесува на добросостојбата на децата. Меѓутоа, очигледна е некоординацијата на БРО со страната на ХБСЦ, каде се објавуваат информации за оваа студија: БРО изјавија дека за првпат во Македонија била спроведена во 2002 година, додека на блогот на ХБСЦ стои 1998 година. [1]


Се поставува прашањето зошто иако оваа студија се спроведува веќе 30 години во нашата земја и е насочена кон подобрување на менталното здравје на децата, сепак од БРО тврдат дека "ментално здравствените проблеми кај децата и младите се постојано во пораст"? [2] Зарем тоа не значи дека ништо досега не е направено за нивното ментално здравје и затоа ја губат довербата кај народот?


Најмногу што можат да кажат од извлечените податоци е дека "еден од четири адолесценти кажува дека најмалку еднаш неделно се чувствува нервозно, раздразливо или пак не може да заспие". [3] Меѓутоа, општо е познато дека овие се нормални појави за време на пубертет кај децата помеѓу 11 и 15 години. [4] Наспроти тоа, оваа студија тврди дека речиси половина (45%) од адолесцентите во Македонија имаат ментални проблеми. [5]


Со оглед на тоа што децата што се анкетираат се малолетни, за оваа студија училиштата испраќаат известување до родителите. Во известувањето не само што се чини дека намерно не е кажано дека на децата ќе им се поставуваат ЛГБТИ+ сексуални прашања и прашања за нивниот родов идентитет, туку и е направена така што наместо да се бара одобрување за учество, тие едноставно известуваат дека децата ќе учествуваат, а родителите доколку не се согласуваат, треба да потпишат парче хартија и да ја достават до училиштето (фото 4). Со ваквата поставеност, јасно е дека се одземаат правата на родителите да дадат информирана согласност.


Изговорот за чудните прашања е дека студијата се спроведува и во други земји со "различни животни навики и стилови од нашите". [6] А тоа остава впечаток дека самата студија не е професионално изработена поради тоа што не е прилагодена на нашите услови, и контрадикторно, од БРО тврдат дека наодите се легитимни.

Анкетата се спроведува од невладината организација Центар за психосоцијална и кризна акција (ЦПКА) - Малинска [7], која се залага за родово-сензитивно образование, според кое секое дете може самото да избере дали сака да биде машко, женско или ниту машко ниту женско, и за ЛГБТИ+ правата на децата од 13 до 15 години. [8]



-----------------------


Извори:


[1] ХБСЦ во Република Северна Македонија - Историја на студијата во Република Северна Македонија



[6] Иницијатива за граѓанско будење „Разбуди се“



[8] ЦПЦА - Публикации




bottom of page