top of page

ДЕЦА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ КАКО ЖИВОТНИ И УЧИЛИШНИТЕ УПРАВИ ТОА ГО ДОЗВОЛУВААТ И ПОДДРЖУВААТ


Покрај трендот на менување на сопствениот пол/род во зависност од сопствените субјективни и променливи чувства, родовата идеологија носи и други очекувани бизарни трендови. Имено, сè попопуларно станува возрасните, но и децата, да се идентификуваат како крзнени животни - кучиња, мачки, волци, лисици и сл., и тоа да биде поддржувано од наставниците и училишната управа.

Најпрво за такви случаи беше известено во Австралија и Америка.


Реномираниот весник Herald Sun објави вест во која се вели дека во приватно училиште во Мелбурн, една тинејџерка се идентификува како мачка и училишната управа го одобрува нејзиниот избор вербално да не комуницира со останатите како човек и да се однесува како животно, под услов да не го нарушува мирот за време на часовите.


Пред тоа слична вест беше објавена и за училиште во Бризбан, Австралија. Ученици од елитно приватно училиште што се идентификуваат како лисици одат како животни на сите четири екстремитети, а оние што се идентификуваат како диви мачки, си ги лижат шепите и прават дупки на училишните униформи за нивната опашка.


Такви случаи се евидентирани и во Соединетите Американски Држави. Минатата година беше известено дека во училишен дистрикт во Кентаки децата се облекуваат и однесуваат како мачки.


Во документарецот „Што е тоа жена?“, реномираниот политички коментатор и автор Мет Волш ја обработува и оваа тематика како дел од родовата идеологија, интервјуирајќи психолог и маж којшто се идентификува како „трансродова жена и волк“.


Со оглед на тоа што трендовите од Америка брзо се пренесуваат во Европа и Македонија се стреми да биде модерна и прогресивна земја, дали е премногу ако очекуваме наскоро и кај нас да имаме млади луѓе кои се идентификуваат како животни?


bottom of page