top of page

ДЕЦАТА МОЖАТ ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ И КАКО МИНОТАУРИ, СПОРЕД „ФЕМИНИСТКА“ И ПРОФЕСОРКА ПО МЕДИЦИНА

Извршен директор во болница и професор од Калифорнија тврди дека децата можат да се идентификуваат како суштества инспирирани од митологијата и дека оваа категорија деца сакаат сирени, ексклузивно известува Fox News Digital.

Дајан Еренсафт, самоидентификувана „феминистка“ која ја поддржува „родовата револуција“, е директорка за ментално здравје и главен психолог во центарот за родов развој во детската болница UCSF Бениоф. Таа е и професорка на Медицинскиот факултет на UCSF и има специјализација за педијатриска „родово-афирмативна грижа за трансродови и родово експанзивни пациенти“. Во нејзината биографија се вели дека Еренсафт го фокусира своето истражување на тоа како се развиваат родовите пред пубертетот, како и ефектите на блокаторите на пубертетот и хормоните од спротивниот пол, кои се дел од хемиските полови промени, врз менталното здравје на децата.


Еренсафт изјави нешто што за некои можеби се несериозни тврдења за родовата идеологија, вклучувајќи и дека децата можат да се идентификуваат како „родови хибриди“, како на пример суштество инспирирано од митологијата, наречено „родов Минотаур“ и дека можат да го менуваат својот род/пол според сезоната и да имаат различни идентитети во зависност од нивната локација.


Според енциклопедијата Британика, „Минотаур“ потекнува од грчката митологија и бил суштество кое имало тело на човек и глава на бик.

"Сосема се согласувам дека сме среде родова револуција и децата ја водат таа револуција. И тоа е прекрасно нешто да се види. И, исто така, понизно е да се признае дека [децата] знаат повеќе од нас околу темата да се биде родово експанзивен“, рече таа за време на говор во 2018 година во јавната библиотека во Сан Франциско.


Еренсафт верува дека трансродовата револуција е следната фаза на феминистичкото движење од 60-тите, кое се одликуваше со предизвик на стереотипите поврзани со родот. „Сега родовите го поместуваат тоа што беше зацементирано и тоа ги нервира многумина“, рече таа.


Еренсафт верува дека трансродовоста е дел од „родовата мрежа“, која е под влијание на културата, воспитувањето и природата. „Мрежата на секоја личност ќе се менува со текот на времето како што старее“, се вели во описот на настанот. „Кој е вашиот род? Не одговарајте додека не ги слушнете сите опции... Eренсафт сака да се тргнете од бинарната мерна скала“.


Таа ја воведе терминологијата, како што е „родово флуиден“, „небинарен“ и „родово експанзивен“, а потоа предвиде дека говорот ќе се менува уште повеќе, и го наведе нејзиниот разговор со 7-годишно дете како доказ дека може да има „родови минотаури“ и хибриди.


„И како што знаете, јазикот е политички. Значи, она што е добро денес, утре ќе биде политички некоректно. Така, ќе продолжиме да се менуваме како што се движиме низ времето “, рече Еренсафт. „Ова е цела група деца за кои сите треба да знаете. Едно момче… се вртеше [во мојата канцеларија]… и ми рече: Гледаш, јас сум Приус… момче однапред, а девојка одзади“.


Еренсафт, исто така, рече дека „родовите Минотаури“ сакаат содржини со сирени. „Почнав да запознавам цел куп други родови хибриди. И така, го имаме родот Приус, имаме родов Минотаур“, рече таа. „И повеќето деца кои се родови минотаури сакаат сирени. Затоа, погрижете се да имате многу книги за сирени. Ако навистина подразмислите за тоа, ќе видите дека функционира“.


Fox News Digital побара коментар од Еренсафт и детската болница, но не доби одговор, велат од New York Post.

195 views0 comments
bottom of page