top of page

НОВОГОДИШНА ИГРА ЗА ДЕЦА: НАЈУБАВИ ЖЕЛБИ ЗА МОЕТО НЕПОЗНАТО ПРИЈАТЕЛЧЕ



Коалицијата за заштита на децата повторно организира забавна и креативна активност за деца. Целта на оваа игра е, покрај забавата, децата да ги развијат своите комуникациски и креативни вештини, да стекнат емпатија еден кон друг, како и да им се даде можност за нови пријателства.


Задача: Учесникот треба да изработи новогодишен украс / лампион и новогодишна честитка, да ја адресира до непознато пријателче со најубави желби за Новата 2023 година, да ги слика и испрати на


koalicija@zadecata.org

најдоцна до

27-ми декември.


Кој: Право на учество имаат сите деца од 1-во до 9-то одделение.


Податоци: На имејл на Коалицијата треба да бидат доставени име и презиме, град, одделение, адреса и телефонски број (опционално).

Тимот на Коалицијата ќе ги подели децата во групи по двајца и на секое дете ќе му биде дадена адресата на неговиот партнер, на која ќе треба да ги испрати украсот и честитката.


*Со самото учество во играта, учесниците/родителите на учесниците автоматски се согласуваат нивната адреса да биде споделена со назначениот партнер.


Советуваме децата да не пишуваат на честитките „Среќен Божик“ сè додека не ги поделиме во парови, бидејќи во играта, како и минатиот пат, ќе учествуваат и деца од исламска вероисповед. Во тој случај, „Среќни празници“ или само „Среќна Нова година“ би било соодветно.


Ги повикуваме сите родители и наставници да ги мотивираат и пријават своите деца/ученици да учествуваат во играта и се надеваме дека учесниците ќе продолжат да се допишуваат со партнерот, и од тука ќе произлезат длабоки и трајни пријателства.


Подолу може да видите неколку интересни и едноставни идеи за изработка на украси и честитки од материјали за рециклирање (кликнете на сликите), но ги поттикнуваме децата самите да измислат нивни дизајни.


Со среќа! :)





НАПОМЕНА: За оваа активност потребен е строг надзор над децата!



1,039 views0 comments

Comments


bottom of page