Мајор Генерал Абдулазиз Абдула Ал Ансари, човек задолжен за безбедноста и сигурноста за време на Светското првенство во Катар претстојнава зима од ноември до декември, вели дека тој е против промоција на ЛГБТ и какви било политички активности.
Медиумите од западниот свет неуморно со месеци верглаат како во Катар за време на Светското првенство припадниците на ЛГБТ заедницата ќе немаат права ни слободи.
Домаќините и организатори на Мундијалот во Катар рекоа дека ќе бидат одземани сите знамиња во боите на виножитото со цел да се заштитат поединци кои промовираат геј права од напади, ја пренесува Асоишијтед Прес изјавата на шефот за безбедност на Светското.
Мајор Генерал Абдулазиз Абдула Ал Ансари вели дека ЛГБТ паровите се добродојдени и прифатени во Катар на Светското првенство во фудбал од 21 ноември до 18 декември, но без да го промовираат тоа и нагласуваат преку симболиката на виножито.
„Ако навивач крене знаме во боите на виножито јас ќе им го одземам, не зошто јас така сакам и дека би сакал да го навредам, туку да го заштитам. Зошто ако не сум јас, некој друг околу него би можел да го нападне. Не можам да гарантирам како ќе се однесуваат сите луѓе. И ќе му кажам: „Те молам, нема стварно потреба да се мавта со тоа знаме“, вели Абдулазиз Абдула Ал Ансари.
Ал Ансари воедно е и директор на Канцеларијата за меѓународна соработка во Катар и шеф на Националниот противтерористички комитет при катарското м.в.р.
„Сакаш да ги покажеш твоите гледишта за (ЛГБТ) ситуацијата, покажи ги во општество каде ќе бидат прифатени. Ние сфаќаме едно, човек си купил карта, доаѓа овде да гледа фудбал, не да демонстрира политички акт или нешто што му е на памет. Гледај си фудбал. Тоа е добро. Но немој да доаѓаш и да го навредуваш целото општество само поради тоа“.
Ал Ансари додава и дека тој не им кажува на ЛГБТ припадниците да се држат далеку од Катар или пак дека ги предупредува дека им следува истрага.
„Резервирајте си соба заедно, спијте заедно, тоа не е наша грижа. Ние сме тука да го управуваме првенството. Да не одиме понатаму, личните индивидуални работи што може да се случуваат меѓу тие луѓе... Тоа е всушност концепт. Ние овде не можеме да менуваме закони. Не можеме да ја смениме религијата поради 28 дена Светско првенство“.
Тој е свесен дека притисоците од западните медиуми е огромен и дека гостите од странство би можеле да се навредат, тој вели дека не се гледа себе како дискриминатор.
„Јас ризикувам... малцинство против мнозинство. Ние мора да бидеме близу проблемот пред да избие и да излезе од контрола... Ако некој те нападне, после јас треба да бидам инволвиран а може да биде доцна“.
Преземено: ОффНет
Comentários