Шест месеци по скандалот на извидничкиот камп „ Sex Scouts & Rock n' Roll“, Јавното обвинителство реши да не поведе постапка против организаторот на кампот, иако тројца родители пријавија дека нивните деца биле изложени на експлицитни вулгарни активности, симулирање секс пози до манастир, боење на своите полови органи и оставање отпечаток на хамер, доделување награда за најубави гради, како и психичко вознемирување на децата кои не сакале да бидат дел од нивните активности.
Многу граѓани со право веруваат дека ЈО одлучило да ги ослободи од одговорност затоа што беше обелоденето дека поддржувач на ова здружение е невладината ХЕРА, од каде што поттекнува и поранешната министерка Мила Царовска. Уште поскандалозно е тоа што во мандатот на Царовска, без никаков јавен конкурс, токму ХЕРА беше избрана да биде организатор на контроверзното „Сеопфатно сексуално образование“ на кое ќе бидат изложени илјадници деца во училишните клупи. И ова е една од главните причини зошто се формираше Коалицијата за заштита на децата во која членуваат повеќе од 20 организации и граѓански здруженија.
Веднаш по кампот, неколку деца побараа психијатриска помош, а секако реагираа и нивните родители. Град Скопје го прекина договорот со овој извиднички одред, а истиот беше јавно осуден од целата јавност и медиуми во Македонија. Но, за жал, Јавното обвинителство не најде за згодно да поведе постапка против нив и покрај тоа што во случајот се вклучени деца и елементи на детска порнографија.
Поради оваа одлука, се огласи и родителот што го пријави извидничкиот секс камп:
"Од македонскиот правен систем не ни очекував нешто поинаку. Изреагираа токму онака како што очекував. Ако државата не најде ништо спорно во настан кој целото општество го осуди и го најде за несоодветен, тогаш е потребно сериозно преиспитување на нечии морално етички вредности. Тоа што беше кажано дека се случуваше на извидничкиот камп, навистина се случуваше. Сега барем јавноста и родителите знаат, па нека сечат со својата глава каде ги пуштаат своите деца. Јас како граѓанин и родител можев да направам само толку, да пријавам, а понатаму остана на правниот систем дали ќе биде праведен. Очигледно не е" - вели за Слободен печат таткото на ученичката која заврши на психолошко советувалиште после одржаниот извиднички камп со несоодветно сексуално образование.
Yorumlar