По повод ужасните настани што изминативе денови се случија во Турција и Сирија, Коалицијата за заштита на децата испрати писмо со сочуство до Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, и Претседателот на Сириска Арапска Република, Башар ал Асад, за сите настрадани во големиот земјотрес.
Во писмото, Коалицијата рече: „ Со длабока тага слушнавме за катастрофата што ѝ се случи на вашата земја и изразуваме искрено сочувство до семејствата на жртвите, повредените и погодените од оваа природна несреќа. Не може ни да замислиме колку им е тешко на сите оние луѓе кои моментално страдаат, кои ги изгубија своите сакани, особено своите деца. Се молиме за оние кои сè уште се водат за исчезнати, за нивно брзо пронаоѓање и сигурно закрепнување. Во претстојните тешките денови и недели, нашите срца и молитви ќе бидат со вашиот народ!“
Воедно, Коалицијата изразува големо сочувство за сите загинати и повредени деца и возрасни, како и голема благодарност што светот има хумани мажи и татковци со големи срца, кои даваат сè од себе за да ги заштитат децата и жените!
На фотографиите: Месут Ханцер, не ја испушта раката на својата 15-годишна безживотна ќерка што погина во рушевините во Турција.
Сирија: сестричка го чува и заштитува братчето повеќе од 36 часа.
Сирија: Спасено тукушто родено бебе со сè уште неотстранета папочна врвца.
コメント