top of page

КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЕУ ПАРЛАМЕНТОТ: WOKE-ИЗМОТ Е ОПАСНОСТ ЗА ЕВРОПА


На 24-ти јануари, по иницијатива на конзервативната парламентарна група Идентитет и демократија, во Европскиот парламент во Брисел беше оддржана конференција, насловена како „WOKE-изам (т.е. „разбуденост“): Опасност за Европа, деконструирање на деконструктот“, на која конференција беше присутна и Коалицијата за заштита на децата.

На конференцијата говореше познатиот француски филозоф и есеист, Беренис Левет, која се осврна на проблемот околку woke-измот и какви се последиците од него по целокупното општество.


Таа ја опиша „разбуденоста“ како идеологија што потекнува од Америка, но брзо се пренесе во Европа и е голема закана за вистинските европски вредности, особено за слободата.


Во врска со овој феномен, уште пред повеќе од година, а на барање на читателите, имаат пишувано нашите партнери Преземи Одговорност.


Сумирано во кратки црти, Левет образложи дека оваа идеологија претставува општествен проблем, затоа што следбениците се малку по бројност, но под слоганот „жените и ЛГБТИ+ лицата се угнетувани“ се премногу гласни, додека поголемиот дел од народот ги игнорира или се против „разбуденоста“. Иако се малкубројни, имаат силно лоби со голема финансиска поддршка, поради што честопати може да видиме такви и слични спонзорирани објави на Фејсбук.


Но, најголемиот проблем претставува тоа што woke активистите се наоѓаат на високи и моќни позиции, и својата пропаганда ја шират преку универзитетите и медиумите. Неретко е и тоа што и бизнисите и корпорациите се обидуваат да покажат дека се „разбудени“, но најчесто таквата нивна кампања завршува со катастрофални последици, како што е примерот со Дизни, чија гледаност драстично е намалена, поради што имаат изгубено милионски суми во акции.


Тоа што се наоѓаат на високи и моќни позиции води кон носење на закони, кои се во корист на малиот број woke и ЛГБТИ+ лица, а на штета на мнозинството од населението. ЕУ ја користи „разбуденоста“ како средство за да врши притисок врз земјите членки и потенцијалните членки. Тоа беше сосема евидентно за време на пандемијата, кога нудеа помош само долку се исполнат одредени woke критериуми.


Најшокирачка подгранка нa woke-измот е трансџендеризмот, особено кога станува збор за операциите за „менување на пол“ наменети за малолетници и деца. Оваа идеологија профитира на основа на безидентитетноста на младите, кои не ја осознале вредноста и значењето на нивното постоење.


Левет нагласи дека woke-измот е повеќе од само идеологија, тој е како религија, затоа што е движење со догми темелени на вера и чувства, имаат врховни свештеници, вршат јавни дејствија на себеказнување и сл. Тоа е нихилистичка религија, која ја уништува цивилизацијата и е против сè што е природно.


Токму од тие причини, обичниот човек треба да преземе чекори да се заштити себеси, особено децата, преку легеслативен одговор, и да се труди да ја оддржува слободата на говор во живот.





Komentar


bottom of page