top of page

КОНКУРС ЗА НАЈУБАВА ПИСМЕНА ТВОРБА И ЦРТЕЖ „МОЕТО СЕМЕЈСТВО Е МОЈОТ СВЕТ“




ТЕМА: „Моето семејство е мојот свет“


КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА: Деца од 7 до 13 години


ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ:


Децата ќе можат да пишуваат песничка или состав на тема „Моето семејство е мојот свет“. Треба да ја опишат својата љубов за мама и тато, дада и бато, и да ни кажат зошто ги сакаат најмногу на свет и да ни набројат за секој посебно неколку позитивни карактеристики. Воедно, напишаното ќе треба да го нацртаат. Цртежот може да биде обоен со фломастери, дрвени боици, водени или мрсни бои. За учество на конкурсот, мора и двете да бидат приложени - писмен состав и цртеж.


Песничката/составот не треба да бидат подолги од 1 страна. Треба да биде напишано рачно, со видлив детски ракопис, и рачно напишаната песничка/состав да ни биде испратена како скен, но и искуцана во посебен ворд документ со големина на фонт 12. Цртежот треба да биде скениран и јасно да се гледа.


КАДЕ ДА СЕ ИСПРАЌААТ:

Писмените творби и цртежите испраќајте ги на koalicija@zadecata.org


ДО КОГА: Најдоцна до 20-ти септември.


РЕЗУЛТАТИ: Резултатите ќе бидат објавени на крајот на септември. За да може редовно да не следите, пријавете се на нашата страна за да ви стигаат известувања.


НАГРАДА: Наградата за најдобрата песничка/состав и цртеж (гледано како една целина) е викенд престој за целото семејство во Шумски фенери во Битола.


ПОТВРДА НА ИДЕНТИТЕТ: За да се потврди идентитетот на децата и родителите, потребно е да ни испратите линк од вашиот Фејсбук профил и потврда за возраста на детето учесник во конкурсот (свидетелство или друг документ). При доаѓање во Шумски фенери, повторно ќе се изврши проверка на идентитетот и сите лица ќе треба да достават документ за идентификација со заедничка адреса.



Имате потреба од дообјаснување или имате прашање,

пишете ни на koalicija@zadecata.org

1,693 views0 comments
bottom of page