ЛГБТИ+ ОРГАНИЗАЦИИТЕ ЛОБИРААТ ВО ОН ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ЛГБТИ+ ЗАКОНИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА


Оваа недела т.н. Мрежа за заштита од дискриминација објави дека „Комитетот за правата на детето ги објави завршните согледувања за Република Северна Македонија“, и дека Комитетот е „сериозно загрижен за постоењето на стереотипи и општествени норми кои доведуваат до дискриминација врз... ЛГБТ децата“... [1]


Ова лобирање го вршат организации кои спроведуваат отворена промоција на ЛГБТИ+ агендата, во соработка со Сорос и неговата Фондација Отворено општество. [2]


Според нив, ЛГБТИ+ можат да бидат и деца од 3 годишна возраст [3], односно, деца кои се' уште не знаат да зборуваат правилно и кои не знаат што сакаат да јадат за вечера, на таа возраст знаат дека се геј и дека сакаат да го променат својот пол.


Со воведување на ваквите закони во образованието, целосно се нарушуваат и одземаат правата на родителите. Сведок за тоа се земјите во кои ваквите закони се веќе во пракса, како што тоа е Австралија. Во државата Викторија, Министерството за образование на својот веб сајт јасно потенцира:


„Има ситуации кога учениците сакаат или треба да сменат пол без согласност на нивните родители... Доколку не може да се постигне договор помеѓу ученикот и родителите во врска со неговиот родов идентитет или родителите не се согласуваат со планот за поддршка на ученикот, потребно е училиштето да одреди дали ученикот е зрел малолетник. Доколку ученикот се смета за зрел малолетник, тој може да донесува одлуки за себеси БЕЗ родителска согласност.“ [4]

Коалицијата за заштита на децата строго се спротивставува на ваквите закони со кои се одземаат правата на родителите врз нивните деца. Ниту моменталната власт ниту кое било минитерство има право да одлучува за децата наместо родителите.


Праќаме сериозно предупредување до сите родители да бидат поагилни и постојано да се информираат за радикалната родова идеологија. Исто така, повикуваме на зближување и заедничко лобирање за оддржување и зачувување на семејните традиционални вредности, како цврста основа на ова општество!


 


Извори:


[1] Заклучни согледувања на Комитетот за правата на детето при Обединетите нации: Анти-дискриминацијата како клучна област во која е потребно унапредување


[2] ЗА МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА


[3] Pride - At What Age Did You Know You Were Gay?


[4] LGBTIQ Student Support - Parental consent

708 views0 comments