top of page

„МАЛИТЕ“ ОТСТАПКИ ЗА ТРАНСРОДОВОСТА ПОЛЕКА ЈА ПРЕОБЛИКУВААТ ЦЕЛАТА НАША КУЛТУРА - Џ.В.Марен




Гледаме транс-активисти како се впуштаат во голема игра на гаслајтинг (манипулација) со целата наша култура, а оваа игра ја следи скоро целата елитна класа.


Гаслајтинг е практика да се натера некој да ја доведе во прашање сопствената реалност; терминот е изваден од филмот „Гаслајт“ од 1944 година, во кој мажот ја манипулира својата сопруга да верува дека таа е ментално нестабилна, за да краде од неа. Транс-активистите и нивните сојузници прават нешто слично - тие лажат со вчудоневидувачка дрскост, во обид да го замолчат нашиот здрав разум и, на крајот, ментално да се согласиме со новиот свет, што се обидуваат да го создадат.


Дозволете ми да ви посочам три неодамнешни примери, за ова:

Пример бр.1 е твит од полицискиот оддел во Торонто, кој гласи: „Соопштение – исчезната жена, Изобела Дегрејс 27, помеѓу авенијата „Рајерсон“ и улицата „Батурст“. Оваа навидум наивна објава стана мега-вирална, ретвитувана е над 10.000 пати. Тоа е затоа што на приложената фотографија очигледно е маж - брадест маж со речиси ниту една видлива женска карактеристика. Овој човек не „поминува“ како женско и никој што ја гледа фотографијата не мисли дека е жена. Се обложувам дека ниту тој што го објавил твитот не верува дека овој човек е жена. Но, ова е манипулирање на вашиот мозок со идеологијата - твитот бледо комбинира фотографија и опис што не се совпаѓа. Што е жена? Не тој човек, тоа е сигурно.



Пример бр.2 е неодамнешно интервју на „MSNBC“ со помошникот секретар за здравство на Џо Бајден, Рејчел Левин. И Рејчел Левин, исто така, е маж, што е и очигледно. Неговото име беше Ричард, но тој го промени; тој има долга коса и обично носи и сукња. Левин беше на MSNBC за да се залага за радикалната трансродова политика на Бајден и изјави дека власта на Бајден сака да ги „овласти“ децата да можат да прават „операции за потврдување на родот“. Тоа е фразата што сега прогресивците ја користат, наместо „операција за промена на полот“, со цел подобро да ја рефлектираат нивната идеологија - затоа што кастрациите и двојните мастектомии и другите осакатувања се прават со цел потврдување на вистинскиот род на тие деца, наместо тие да го сменат полот и да бидат оној пол кој веруваат дека се. Видовте ли што се случи на тој настан? Бајден постави адмирал со четири ѕвезди, облечен како жена, да се појави на ТВ за да ги поддржи промените на полот кај децата - и сите ние треба да климаме со главата.


Примерот бр.3 е некако уште понезамислив, бидејќи е директно излезен од Орвеловиот 1984: речникот Мериам-Вебстер, додаде кон дефиницијата за жена: „(личност што) има родов идентитет, кој е спротивен на машкиот“. Со буквално менување на поимите во дебатата, транс-активистите можат да бидат сигурни дека го контролираат исходот, бидејќи зборовите значат она што тие одлучуваат дека значат, исто како што реалноста и биологијата може да се редефинираат по желба. Проверив неколку други речници, но „Мериам-Вебстер“ речникот се чини дека е единствен што ја направи промената за сега, сепак, другите сигурно ќе го следат примерот. На крајот на краиштата, „Вебстер“ буквално ја смени дефиницијата за „сексуална определба“, само за да се осигура дека поентата на демократскиот сенатор е точна според тој факт.


Поединечно, овие работи може да изгледаат мали. Но, колективно, тие ја преобликуваат културата околу нас, тула по тула. Немилосрдната стратегија “капка по капка“ на родовата идеологија, што се гледа преку полициските плакати, на телевизија, во речниците – полека го омекнува општествениот отпор. Константното насилство што се прави кон објективната реалност, предизвикува ние полека да се адаптираме на бизарното, лажното и на лагата. На крајот, ја губиме способноста да бидеме шокирани. Полека, новиот јазик веќе престанува да ни пречи. И тогаш, на крајот, сето тоа почнува да ни изгледа нормално: жени со брада, мажи во здолништа, деца кои се подложени на операција и почнуваат доживотна терапија со медикаменти.


Затоа, овие навидум мали инциденти, кога ќе ги погледнете целосно, важно е да ги извадите на виделина и да ги отфрлите, поради насоката во која тие нѐ носат.



 

АВТОР НА ТЕКСТОТ:

Џонатан Ван Марен (Jonathon Van Maren) е јавен говорник, писател и про-лајф активист. Неговиот коментар е преведен на повеќе од осум јазици и нашироко објавен на интернет, како и во печатени весници како што се „Jewish Independent“, „National Post“, „Hamilton Spectator“ и други. Тој има добиено награда од еврејската организација B’nai Brith, за неговата борба против антисемитизмот во печатена форма. Неговиот коментар е прикажан на CTV Primetime, Global News, EWTN и CBC, како и на десетици радио станици и вести во Канада и САД.



 

Превод од англиски: Г.И.


コメント


bottom of page