top of page

ОДГОВОР НА КОЛУМНАТА НА ИРЕНА ЦВЕТКОВИЌ: „Мажи во фустани, Олимписки игри и навредени души“

Автор: John Doe


Денес прочитав една колумна, претставена како апологетика на вулгарната прослава на дегенерацијата, позната и како Отворање на Олимписките Игри во Париз 2024.

Бидејќи колумната е полна со небулози, а оскудна со факти и референци, и затоа што авторката ѝ е позната на оваа Коалиција како некој кој избегнува дебати, а во интерес на транспарентноста и виситината, сакавме на овој начин да ѝ поставам некои прашања. Искуството нѐ учи дека одговор нема да добиеме, зашто вистината „е тешка и мрачна…и, немајќи стомак да ја свариме“… кога не одговара на нашиот светоглед, ја извртуваме… Нејсе, ова се прашања, кои сите наши читатели, со способност сами да размислуваат критички, можат да ги разгледаат и истражат. 


На крајот на краиштата, делиме иста загриженост и емпатија како и авторката на колумната, кон нашите браќа и сестри, и имаме добра заедничка намера, имено заштита на животите, правата, достоинството, слободата и добросостојбата на сите луѓе, без оглед на бојата на кожата, полот или сексуалната определба, и искрено сакаме да придонесеме за нивниот прогрес. 


Навистина, како и ние, авторката на колумната е загрижена за големиот број на мигранти во Париз, Франција, па и општо - Европа. Но, нас нѐ интересира како дефилето на „дрег-кралици, транс и небинарни луѓе“ им помага на овие мигранти. Дали можеби авторката знае кој ги создаде тие мигранти, бидејќи никој не заминува од своите огништа од убаво и добро, па така ни оние кои се таму дојдени. 


Понатаму, авторката изнесува тврдење дека „еден не толку мал дел од бездомниците на париските улици се токму транс луѓе кои се избркани од своите домови поради тоа што се (транс)“, но секако, не нуди никакви референци или извор за ова свое тврдење. 


Можеби најмногу без никаква логичка и фактичка поткрепа е овој пасус во нејзиниот текст:


„Тоа е еден, можеби длабоко несвесен, страв од предизвикување на хегемонијата, преиспитување на доминантните норми, страв од новото и промените, кои би биле позитивни за маргинализираните групи, но и би ја намалиле вашата привилегија.“


Ах, новото, промените, кои ете, би биле позитивни за маргинализираните групи. Каде е доказот за тоа? Како би изгледале овие промени? Да земеме еден пример, во САД, државата со најголеми права на заедницата на „дрег-кралици, транс и небинарни луѓе“, која се идентификува со сѐ подолгата и наскоро бескрајна скратеница - секвенца од букви 2СЛГБТ+++, е Калифорнија. Изворот за тоа е тука.


Затоа, интересно е дека Калифорнија е исто така, државата во рамките на САД, која води убедливо по постојано растечкиот број на „бездомни лица“ - според многу извори меѓу кои и овој и овој


Случајност? Секако, знаеме дека корелацијата не гарантира каузалитет, но секако, кога се изнесуваат тврдења, треба да се поткрепат и со примери!


Во 1897 година, францускиот социолог Емил Диркем, ја изнесе својата теорија за аномија. Диркем вели дека недостатокот на социјална кохезија, што доведува до деградација на нормите врз кои се граделе културите, неизбежно ќе доведе до распаѓање на општеството. Неговата теорија и наследство се покажаа како промислени, можеби најдобро илустрирано со церемонијата на отворање на Олимпијадата во 2024 година во Париз. Додека контроверзната церемонија, обележана со сатанистички слики, разврат, ненаситност и трансродност ја отелотворуваше социјалната деградација за која претходно предупреди Диркем, земјата домаќин што го организираше сјајниот приказ, не е единствената земја чие учество во игрите е нарушено со сексуална разврат. Во уште побезобразно напуштање на почитувањето на социјалните и културните норми, соседот на Франција, Холандија, го испрати својот сонародник Стивен ван де Велде да ја претставува нацијата на игрите во 2024 година, и покрај фактот што одбојкарот беше осуден на 4 години затвор поради силувањето на 12-годишно девојче во 2014 година.


Предизвикување на хегемонијата? Ви се молам... Од страна на кого, на мултинационалните корпорации кои ги спонзорираат Олимписките игри, и се целосно посветени на наративот кој го промовира авторката на колумната. Кој ја предизвикува? Макрон, и целиот француски естаблишмент, кој застана цврсто зад церемонијата за прослава на подпросечноста и бирократската неспособност? 


Нашата привилегија? „Добредојдовте во нашиот клуб“, вели авторката на колумната зборувајќи во името на „жени со деца, болни луѓе, исцрпени и сиромашни работници, напикани во полициски комбиња, однесени на за нив непознати терени, без храна и чиста вода“. Секако, не ја познавамe авторката на текстот во доволна мерка, но нам ова ми изгледа како најдрска апропријација / присвојување на туѓо страдање и снисходливост. Лесно е да се заклучи дека авторката е дел од истата културно-академска елита, интегрирана во бескрајно-растечкиот број на „невладини организации“, финансирани од истите влади, чии лидери безрезервно ја поддржуваат оваа травестија, влади со колонијално минато и неоколонијална т.е. глобалистичка сегашност. И секако, истите оние глобални корпорации, кои потрошија над 3 милијарди долари на спозорство на Олимписките игри. 


Во истата елита припаѓа и уметничкиот директор на церемонијатаТомас Џоли, кој изненаден од критиките на неговата продукција, несомнено затоа што живее во истиот културен елитистички балон, рече дека тоа било наменето да биде прослава на различноста, вклученоста и толеранцијата (исто како што можевме да прочитаме и во колумната). „Сакам оваа церемонија да ги вклучи сите“, рекол. „Сите ние мора да ја славиме оваа различност“. (Забележете го тонот на она што тој го сака - за она што луѓето мора да го прават и чувствуваат.)


Ова покажува дека јавните пораки не треба да се оставаат на членовите на модерната уметничка елита, поради нивниот ограничен капацитет за кохерентна мисла и поткрепеност со доза реалност и факти. Очигледно, на Џоли му се истргна фактот дека повеќе луѓе во Франција штотуку гласаа за Националното собрание, отколку за која било друга политичка партија. Како тие требаше да бидат вклучени, а камоли да се слават во неговата церемонија?


Џоли не прави разлика помеѓу слободата и законитоста да се практикува на кој било начин, во какви било околности. Се согласуваме дека не треба да постојат закони против богохулењето и дека ако некој сака да приреди плитка, адолесцентна, кодошлива претстава како неговата во театар, и може да најде луѓе да присуствуваат на неа, не треба да биде спречен во тоа. Но, она што е прифатливо за приватен театар не е секогаш погодно за јавно прикажување, особено оној што стои како квази-официјална репрезентација на целата нација. Треба да се прават дистинкции и да се врши селекција. 


Беше очигледен кукавичлукот на целата церемонија, и тука се согласуваме со авторката дека церемонијата не беше воопшто револуционерна, туку само невкусна. Да претпоставиме дека Џоли предложил да го претставува самиот Мухамед облечен како жена, или опкружен со обожувачи на трансвестити? Дали би му било дозволено да го стори тоа со образложение дека во Франција сè е дозволено? И дали тој претпоставува дека разликата би останала незабележана од исламистите и муслиманите воопшто? Бидејќи и Џоли и авторката се идеолошки мултикултуралисти, тие не се во состојба да размислуваат за тоа како другите би можеле да мислат или чувствуваат затоа што другите мора да мислат или чувствуваат како нив. Да го парафразираме Достоевски во Демони: тргнувајќи од апсолутната различност, доаѓаме до апсолутна униформираност. 

Comments


bottom of page