
Неодамна во Фејсбук групата „Женски домаќински муабети“ осамна објава во која се вели:
„Апел до сите родители! Денес околу 16 часот во Автокоманда, сомнителен лик односно дечко кој е облечен и изгледа како жена се обиде да го прелаже моето дете и тоа во мое присуство, со намера за да го земе. На крај праша дали се продава детето! Внимавајте!“

Со оглед на тоа што Коалицијата за заштита на децата постојано предупредува дека со законското признавање на родот ширум се отвараат вратите за секакви сексуални предатори на кои децата и жените ќе им бидат лесен плен, јасно е дека ваквата објава ја сфативме мошне сериозно и алармантно. Се обидовме и успеавме да стапиме во контакт со мајката што го објави ова предупредување, која сакаше да остане анонимна.
Таа ни кажа дека целиот настан траел околу 3 минути и се случил кога таа пазарела во Автокоманда заедно со своето мало синче на возраст од година и половина. Кога излегла од продавницата и се упатила кон својот дом, ги пресретнал маж помлад од 30 години, облечен во женска облека - капут, а под капутот носел кошула, со смеѓа, виткана коса и очила за вид. Тој се обратил кон детенцето со зборовите:
„Дојди кај дадичка, ќе те носам во луксузниот стан. Имам многу играчки за тебе, да видиш што ќе ти дадам“
И во тој момент се упатил кон детето за да го земе. Детето уплашено се припило кон мајка си, а мајката првично се збунила од страв и помислила дека мажот што се идентификувал како жена се шегува. Но, тогаш тој ѝ се обратил и неа, велејќи: „Не ти се продава детево за пари, а?“
Мајката заедно со своето дете веднаш во паника се оддалечила од осомниченото лице и случајот го пријавила во полициска станица во Автокоманда.
Коалицијата за заштита на децата апелира до сите родители да внимаваат на своите деца, без обзир на нивната возраст, со кого доаѓаат во контакт и што им се нуди. Доколку некој друг има вакво или слично искуство, ве молиме да го пријавите случајот во полиција и до Коалицијата за заштита на децата, со цел да се архивира истиот и да се испрати предупредување до останатите.
Comments