top of page

ПАРОДИЈАТА НА РОДОВАТА ИДЕОЛОГИЈА: МАЖ-УБИЕЦ СЕ ИДЕНТИФИКУВА КАКО ЖЕНА И... БЕБЕ


Даниел, кој во изминатите 4 години се самоидентификува како жена со име Софи Ествуд и моментално се наоѓа во женскиот затвор Полмонт во Шкотска, сега почна да се идентификува и како бебе и бара од затворот да му дадат да носи пелени и да јаде бебешка храна.


Даниел е доживотно осуден поради убиство на созатвореник со помош на врвки од обувки, кое се случило во 2004 година. Тој сега бара од затворските стражари да го држат за рака кога го вадат од ќелија и Дејли Рекорд [1] известува дека управата тие негови барања ги третира со голема сериозност, така што веќе бил снабден со цуцла.


Даниел во 2004 година бил затворен поради небезбедно возење и еден месец пред да биде ослободен, го убил својот соќелијник со „голема и продолжена“ сила. Самиот вели дека во 2016 година сфатил дека не е хомосексуалец, туку дека се идентификува како жена, по што почнал да прима блокатори на машките хормони. Од 2018 година наваму бил префрлен низ повеќе женски затвори. [2]


Се прашуваме што ќе побара следно што управата на затворот ќе го земе како сериозно барање? Да му менуваат пелени, можеби?


-----------------------


Извори:



285 views0 comments
bottom of page