top of page

МАЖ - СЕРИСКИ УБИЕЦ, ПРЕФРЛЕН ВО ЖЕНСКИ ЗАТВОР


Насилен маж, сериски убиец, кој убил 3 жени, моментално се наоѓа во женскиот затвор во Вашингтон, откако успеал да издејствува преместување врз основа на законите за самоидентификација.


Дона Ребека Пери, роден како Даглас Роберт Пери, уби 3 проститутки во 90-тите години во период од 4 месеци.


Јоланда Сап (26), Ники Лоу (34) и Катлин Бризбос (38) беа убиени со пушка и нивните голи тела беа најдени фрлени во близина на реката Спокaн.


Пери успеа да избегне да биде осомничен после убиствата и со години успеа да си го крие идентитетот, откако во 2000та година отиде во Тајланд, каде направи операции за "промена" на полот.


Дури во 2012 година преку ДНК тест за илегално поседување на оружје беше утврдено дека тој е поврзан со убиствата. [1]


За време на судскиот процес, Пери тврдеше дека неговиот машки идентитет и неговиот женски идентитет се две различни личности и дека женскиот идентитет т.е. тој после операциите, не е виновен за убиствата.


Пери конечно, после долго судење, беше осуден на 3 доживотни казни без можност за помилување. Медиумите кога известуваа за случајот, цело време користеа женски заменки и го ословуваа како "жена".


Дури некои медиумски известувачи тврдеа дека агресивноста кај мажите што транзитирале "се намалува", тврдење кое одамна беше разобличено како лага со студија на шведски научници од 2011 година, која докажува дека мажите што се идентификуваат како транс-жени и имаат направено целосна "промена" на полот, "си ги задржуваат своите криминални карактеристики".


Иако Пери беше обвинет за убиството на 3 жени, тој на еден од затворениците му се доверил дека убил помеѓу 20 и 30 жени и дека сакал да убива проститутки затоа што "самиот тој не можел да раѓа, а жените имаат можност да имаат деца, но тие тоа го трошеле со тоа што се мочуришно 'ѓубре'". [2]


Во мај 2021 година, информатор од женскиот затвор во Вашингтон откри дека Пери е префрлен во женскиот затвор и дека уште 150 други мажи што се идентификуваат како жени ќе бидат, исто така, префрлени во женски затвор. [3]


Во 2020 година Пери поднесе жалба против изречената казна за 3 убиства од прв степен и апелациониот суд одлучи да "користи машки заменки кога го опишува Пери пред 2000та година и женски заменки во описот на Пери после операциите". Неговата жалба беше засекогаш одбиена.


Во декември 2021 година, жена, поранешна осуденичка што затворската казна ја поминала во женскиот затвор во Вашингтон, анонимно истапи и објави дека во затворот има бран на бројни сексуални напади од мажите што се идентификуваат како жени.


На 18-ти февруари 2022 година, извршниот директор на организацијата Фронтот на женското ослободување, Др. Мари Ирвин поднесе пишано сведоштво против законот на државата Вашингтон со кој ќе се забрани да се обелоденуваат информации за родовиот идентитет - транс или небинарен - на затворениците. Доколку законот помине, јавноста повеќе нема да има увид колку мажи што се идентификуваат како жени се сместени во женски затвори. [4]


-----------------


Извори:



[3] Department of Corrections Washington State - Inmate search


2 views0 comments
bottom of page