top of page

НЕ ВИ МИСЛАТ ДОБРО - Елена Доленц


Од второ одделение ќе се изучувале родови идентитети. Тоа било многу важно, за децата да осознаат дека можеби се трансродови, а ако не се, да се научат на толеранција кон истите и да се запознаат со нивните предизвици кои, пред сè, се од важност за нивното здравје итн.


Ова можеби немаше да биде смешно и страшно, доколку истовремено бевме навикнати нашите деца да учат и за останатите групи на луѓе, кои што имаат потреба од соодветна здравствена заштита, групи на луѓе кои се под постојан булинг и им е потребна толеранција, помош, заштита. На пример, денес огромен број од нашите деца имаат ADHD, па поради таа нивна состојба, имаат големи предизвици на училиште и во растењето воопшто. Тие деца се интелегентни, талентирани, имаат голем капацитет, но забораваат, немаат добра концентрација, не можат да седеат долго време на едно место, не можат да запаметат најбични правила, тешко им е да функционираат во систем, кој налага 45 минути седење и континуирано слушање на ист материјал. Таквите деца имаат потешкотии во учењето и често имаат слаби оценки, послаби од она, што реално би можеле да го постигнат, често добиваат укори, често се и пречка за нормално одржување на часот.


Јас не сум слушнала да се вовела програма за изучување на овој проблем, па децата да можат многу подобро да се разберат себеси или да научат да имаат разбирање за своите другарчиња, кои имаат ADHD, напротив, ниту наставниците се обучени за работа со тие деца и за нивно препознавање.


Во Македонија нема никаков систем за работа со деца со дислексија во училиштата. Замислете дете, кое го знае материјалот за висока оценка, но на тестот не може да ги прочита добро и да ги разбере прашањата и поради тоа добива двојка. За децата со аутизам да кажам ли нешто? За децата со даунов синдром и сите оние кои имаат потреба од тоа да бидат заштитени, помогнати од системот и кои имаат потреба од толеранција, разбирање и љубов од соучениците и наставниците, а понатака и од сите други? Децата што живеат во сиромаштија? Децата кои преживуваат со еден оброк на ден?


Како е можно, луѓе, како е можно, институциите да не обрнуваат внимание на оние на кои навистина им е потребно и не се воведува настава во која уште од мали ќе се научиме да бидеме емпатични кон оние кои се немоќни, оние кои се зависни од нас, оние кои немаат избор да бидат нешто друго?! А се дава толкаво внимание, со толкав залет се руши сè пред себе, за да се стават на виделина луѓе, кои имаат телесна дисфорија и најчудно е што не се ставаат на тоа примарно место за да им се помогне да се излекуваат, туку за да ги уверат и нив, а и нас, дека треба да им се потпомага да останат во таа состојба.


Следно ќе биде ако некое дете, под влијание на таа училишна програма си исфантазира дека можеби е нешто друго по род, родителот да не смее да му противречи и ќе реагираат од социјални служби за детето да започне со хормонски блокатори или хормонска терапија. Ова веќе се случува на запад. Ги сакатат децата масовно.


Луѓе, не бидете наивни, никој овде не сака да направи нешто добро ниту за трансродовите ниту за кој било друг, сфатете дека сето ова се злоупотребува.


Трансродови и дисфорични - ВЕ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ за да си тераат агенди, да си заработуваат пари на вас, за да го растурат најсветото на земјата - семејството. Да ви мислеа добро, најпрво ќе се избореа со она погоре што го спомнав, бидејќи случајно или не, некои статистики покажуваат дека најголем дел кај децата со родова дисфорија се забележани ADHD, состојби од аутистичниот спектар, дислексија итн.


Тоа трансродово дете во Македонија најверојатно е и сиромашно и џабе ќе му направите план за хормонска терапија, за која сакате да се изборите да биде бесплатна, кога тоа дете нема што да јаде и во што да се облече и ќе се смрзнува на зима.


Не ви мислат добро ниту вам, ниту на кој било друг.

На ова лудило треба сите заеднички да се спротивставиме!

586 views0 comments
bottom of page