top of page

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: (НЕ)МОРАЛЕН АПAРTХЕЈД


Со денови се води расправа околу обидот на окупаторската и асимилаторска власт насилно да наметне Закон за родова еднаквост, кој ќе биде, всушност, Закон насочен токму против родовата еднаквост определена со биолошката реалност на полот.


Преку ова силување на општеството, едно малцинство, она од ЛГБТИ заедницата, со поинаков (не)морален систем на вредности од мнозинството, не се бори за да стане видливо и гласно, не се бори за да биде рамноправно во општеството, туку агресивно настојува да ги наметне сопствените (не)морални вредности како владеачка догма. Со тоа, доколку се усвои таков Закон, мнозинството, под закана од казни и реперкусии, ќе биде принудено да живее во (не)моралниот свет на малцинството, или, со еден збор, во (не)морален апартхејд.


За да стане јасно за што пишувам, ова малцинство, кое предвидува детето само да си го определува родот без биолошката реалност на полот на кој припаѓа, еве, на пример, во сојузната држава Калифорнија во САД, во својата извитопереност на умот, дури издејствува законска можност детето да се “самоопредели“ како животно, па во некои училишта постојат и сандачиња со песок каде децата кои се чувствуваат како мачки можат да вршат нужда.


За да стане уште појасно – неговата агресија во Македонија да се усвои Законот со кој тие како малцинство ќе му го диктираат системот на морални норми на мнозинството, наликува како, на пример, инсулинските дијабетичари, како малцинство во општеството, да побараат, не да бидат рамноправни и заштитени, туку сите граѓани задолжително да примаат инсулинска терапија.



МАРКСИЗМОТ – УПАТСТВО ЗА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА


Ќе се обидам најкратко што е можно да ја објаснам улогата на марксизмот во светските текови уште од неговото научно пројавување во делата на Карл Маркс и Фридрих Енгелс и, посебно, неговата улога денес. Имено, погрешно е сфаќањето дека марксизмот е социјалистичка или комунистичка идеологија. Марксизмот е, едноставно, првото глобалистичко учење врз кое, во желбата за завладување со светот, владетелите од сенка, најпрво ја промовираат комунистичката и помеката варијанта, социјалистичката идеологија, па преку неа се обидуваат да го спроведат процесот на глобализација.


Потоа, тие истите, повторно врз основа на маркистичкото глобалистичко учење, ја промовираат национал-социјалистичката идеологија, во уште еден обид да го загосподарат светот како нивна глобална сопственост.


И, кога кон крајот на триесеттите години од минатиот век, тогашниот претседател на Социјалистичката партија на Америка, Норман Томас, увидува дека комунизмот и социјализмот, изградени врз глобалистичкото учење на Маркс и Енгелс, не поминуваат во САД, тој, марксистичкото учење го преоблекува во одеждите на либералниот социјализам, денес владеачкиот – либерализам.


Значи, комунизмот на Сталин, националсоцијализмот на Хитлер и либерализмот на Клинтон – Обама – Бајден, во својата основа имаат една заедничка програма – глобалистичката програма на марксизмот. Така, токму во времето на либералното едноумие насочено кон процесот на глобализација, во 2005 година Карл Маркс е прогласен за светски најголем филозоф и во 2013 година за светски најдобар научник.

Го пишувам ова за да сфатиме, посебно оние заљубените во либералните “вредности“,дека либерализмот во својата основа го има глобалистичкото учење на Карл Маркс и се потпира на вредности на кои, извлечени од него, се потпирале и комунизмот на Сталин и националсоцијализмот на Хитлер.



НАЦИЗМОТ НИ ЧУКА НА ВРАТА


Да се вратиме на агресивниот обид на малцинството со поинакви (не)морални вредности, насилно да го наметне својот систем на вредности и хистеричниот напад против сите кои не размислуваат како нив.


Токму тоа е она што треба да не' уплаши – нацизмот во најава, кој можеме да го видиме во нивните методи и нивниот начин на однесување:


Прво, тоа е “ариевскиот“ однос на оваа мала група кон сите кои не мислат како нив, како кон пониски суштества, како кон поневредни индивидуи, според нивната терминологија, како кон “небањати“. Во многу наликува на хитлеровиот однос кон Евреите, Словените, Ромите…


Второ, се’ позачестените напади врз Македонската Православна Црква, како чувар на верата и на традицијата, во обид да се укине слободата на вероисповеста и слободата на мислата и говорот. Нацистички метод на “или ќе мислиш и говориш како нас, или ќе бидеш хистерично напаѓан“, а потоа и прокажан “за отстрел“.


И трето, упад во образовниот систем за да се создадат идни генерации според од нив воспоставените правила кои беспоговорно ќе ги промовираат и штитат вредностите кои им се наметнати. Онака како што се воспитуваше и на крајот фанатично се бореше “Hitler-Jugend“ (Хитлеровата младина).


Ете тоа е агресивниот обид на “либералниот“ социјализам, во својата желба за глобално владеење со светот, воспоставувајќи (не)морален апартхејд со веќе докажани нацистички методи, да го уништи вредносниот систем на едно нормално општество. Удирајќи директно во неговите темели. Удирајќи во чуварот на верата и традицијата – црквата и, чуварот на децата како наша иднина – воспитно образовниот процес.


Да му се спротивставиме и да го спречиме додека “се’ уште не излегол од минхенската пивница“.


(авторот е претседател на МААК)

Comments


bottom of page