Коалицијата за заштита на децата го започна проектот ТРАНС (НОН) СТОП со цел да ја информира пошироката јавност зошто таа е децидно против радикалната родова идеологија и какви се последиците од истата во земјите каде истата е застапена повеќе децении. Идејата од самиот почеток беше да се објавува по еден документарен филм секоја недела, преку кој ќе успеете да се запознаете со научните факти за транс медицината и каква штета им се прави на децата. Првиот филм, иако имаше мали технички пречки и беше објавен малку подоцна од планираното, доживеа невиден бум, нешто што и самата Коалиција не го очекуваше. За само два дена, преку 1000 прегледи на веб страната и преку 700 прегледи на YouTube каналот на Коалицијата. Нашето изненадување е преголемо и затоа решивме да искажеме посебна благодарност до сите вас, што го споделите овој документарен филм со вашите роднини и пријатели. Се надеваме дека и следниот филм ќе има толкава, па и уште поголема гледаност.
Comments