top of page

РОДИТЕЛИ, ЗАШТИТЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА ОД ЛГБТИ+ УПАСТСТВА ВО УЧИЛИШТАТА


Минатата недела објавивме дека министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска го одобрила Упатството за постапка за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување во основните училишта, кое беше изработено од СДСМ и претходната министерка за образование Мила Царовска. Ги посочивме главните проблеми во ова Упатство, кое се однесува на деца од 6 до 14 годишна возраст, а кои проблеми се состојат во тоа што во целиот образовен систем се наметнува родовата ЛГБТИ+ идеологија дека децата можат да го променат својот пол по свој избор, а на родителите целосно им се одземаат правата. Подетално може да прочитате и да се информирате тука:



Ги повикуваме сите родители да се спротистават на ваквите антинаучни идеи и наметнувања во училиштата. За олеснување на таквата постапка, Коалицијата подготви писмено несогласување кое може да го копирате или преземете подолу, да го дополните со вашите лични детали и да го проследите до директорот на училиштето во кое учи вашето дете, до општината, како и до Министерството за образование и наука на следнава електронска пошта:





ДО: ООУ ____________________



Несогласување

 со Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување



Јас, ____________________, како родител на ученик кој учи во ООУ _________________________ изразувам категорично несогласување за вметнување во статутот, прифаќање и имплементација на Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување (во натамошниот текст: Упатството) поради тоа што:


-           содржи термини и одредби кои го надминуваат обемот и опсегот за целите за кои е изготвено, односно заштитата на учениците од насилство,

-           содржи термини кои не се дефинирани во самото упатство, а може да се толкуваат двосмислено, како што е терминот „род“ и од него изведените: „родов идентитет“, „родова еднаквост“ и слично,

-           информиран/а сум дека овие термини се користени од одредена група луѓе од ЛГБТИ+ заедницата, кои веруваат дека постојат повеќе од два пола и дека според нив „род и пол не е исто“ и дека „родовиот идентитет се однесува на личното чувство на сопственото доживување како маж, жена, ниту едното или двете“,

-           информиран/а сум дека ова верување на кое е основана т.н. родова идеологија е промовирана главно од невладини ЛГБТИ+ организации кои се финансирани од странски организации, кои пак имаат сериозен финансиски интерес од збунети деца поради бизнисот кој го имаат од продажба на хормони, блокатори за пубертет, операции за промена на полот и сл,

-           го промовира „правото на самоопредлување“ на детето во контекст на родовата идеологија, а последователно на тоа го одзема правото на родителите за воспитување и образување на своите деца согласно нивните светогледи,

-           го одзема правото на наставниците да ги образуваат децата и да ги организираат часовите во најдобар интерес на сите деца,

-           промовира родово неутрални тоалети/ соблекувални и го отвора патот момчиња да користат женски тоалети/соблекувални,

-           прмовира сеопфатно сексуално образование кое ја содржи родовата компонента и ги учи децата дека може да го менуваат полот и да изберат еден од стотиците родови: машко, женско, трансродово, интерполово, ипсородово, ништо, не-бинарно, итн.,

-           го отвора патот на гореспоменатите невладини организации да влегуваат во училишниот простор и да ја наметнуваат нивната идеологија која е научно неоснована, но преку нивното влијание да креираат се’ повеќе родово збунети деца, што за нив би претставувало поголема финансиска моќ,

-           ги дискриминира мнозинството луѓе, деца, родители и наставници кои не се вклопуваат во родовата рамка и прави простор за нивно етикетирање како „ширачи на стереотипи“ и „дискриминатори“.



Име и презимe __________________________                                                        

Датум ________________

Comments


bottom of page