top of page

ПОДДРШКА ЗА СРБИЈА И ДВИЖЕЊЕТО ЗА ЗАШТИТА НА СЕМЕЈСТВОТО




Минатава недела, граѓаните на Србија организирано се сплотија на протестен марш против Еуро Прајд 2022. Еуро Прајд е манифестација на која учествуваат ЛГБТИ+ лица од цела Европа, а која е најавена за периодот од 12-ти до 18-ти септември во Белград.[1]


Во Србија повеќе од 20 хомосексуалци се веќе заразени со мајмунските сипаници, кои почнаа да се шират од Прајд собири и исклучуво меѓу геј мажите, кои често менуваат партнери и учествуваат во секс туризам.[2] Виролозите веќе предупредија дека ваквите собири треба да се избегнуваат, бидејќи не претставуваат ризик само за геј популацијата, туку и за останатото население, особено за работниците во хотелите, со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку постелнината.[3]


Српскиот православен народ, загрижен за своето здравје, но пред сè, загрижен за своите деца и изреволтиран поради тоа што малцинството ЛГБТИ+ активисти се обидуваат да извршат радикална промена на традиционалните вредности, масовно излезе на улиците во Белград. Родители со деца, млади и стари маршираа. Според медиумите, на маршот присуствувале неколку илјади луѓе, но фотографиите и видеата покажуваат подруга слика. Присутните тврдат имало неколку десетици илјади граѓани, но дека сето тоа вешто е цензурирано од медиумите. [4]


Коалицијата за заштита на децата ја поздравува организацијата на собирот „За зачувување на семејството“ и охрабрува да продолжат да ја сведочат вистината и да ги чуваат семејните вредности. Воедно, ги повикува и останатите верски заедници да се приклучат кон одбраната на децата од индоктринацијата со ЛГБТИ+ идеологијата, како во Србија, така и во Македонија. Нашите деца се наша обврска и наша иднина.

Македонија дава силна поддршка на Србија!

Следниот собир е најавен за 28-ми август.




 

Извори:


[1] EuroPride 2022 - Vreme je za EuroPride 2022

bottom of page