top of page

ПОЛОВА РАМНОПРАВНОСТ ИЛИ РОДОВА ЕДНАКВОСТ, ШТО СЛАВИМЕ ДЕНЕС? - ВИКТОРИЈА ЕЛЕНОВА, ПРОФЕСОР


Во последнава низа години, многу често се слуша изразот „родова еднаквост”, притоа повикувајќи се на еднаквост помеѓу мажите и жените, односно мислејќи на „полова рамноправност”. Така и деновиве, поврзано со денешниот празник, се вели или се пишува за 8 Март - денот кога жените извојувале родова еднаквост.

Манипулирањето со јазичните термини не е случајност, туку претставува смислена цел на родовите теоретичари, заговорници на нови трендови (конспирации), кои безобразно им пркосат на поимите: семејство, традиција, религија. Овие конспирации, траат со години и се наметнуваат со силна агресија, финансирани се од центри на моќ, најчесто пропагирани од невладини организации, кои располагаат со огромни буџети.


Истите, кога ќе се најдат поразени во своите факти, знаат своите интелектуални противници да ги наречат фашизоидни делувачи...

Поимот пол (sesso), како и „полова рамноправност” (parita’ tra i sessi), подразбира еднаквост на жените и мажите во економска, во политичка и во социјална смисла. Половата рамноправност подразбира меѓусебно надополнување, комплементарност на мажот и жената, како и почитување на достоинството, кое произлегува од разликите помеѓу нив.

Поимот род (genere), како и „родова еднаквост“ (uguaglianza di genere), подразбира теорија, која не идентификува два биолошки пола, туку разликува родови или трансродови групи.


Мое мислење е дека овде се манипулира дури и со некои припадници од ЛГБТ грпата, бидејќи не сите се во конфликт со својот биолошки пол.

Родовата идеологија застапува теза, според која единката се раѓа како човек (не како машко или женско), за потоа, во зависност од околината, воспитувањето, улогата, чувствата и желбата, да може да се дефинира како маж или жена. Кај овие единки постои чувство на „заробеност во погрешно тело”.

Без да продолжувам, бидејќи темава е горлива и широка, сакам само да обрнам внимание на денешниов цветен и нежен ден:

- Што всушност жените слават денеска?

- Дали борбата на Клара Цеткин и на Роза Луксембург била за еднаквост помеѓу родовите или за рамноправност помеѓу двата пола?

За жал, културата на послушност ја надвладејува културата на индивидуална слобода и на индивидуален израз, но да се надеваме дека ќе доживееме рамнотежа, со која сé и секој ќе се врати на своето место.


Среќен празник на сите ВИСТИНСКИ жени според пол!




Викторија Еленова

професор по италијански јазик на Универзитетот на Југоисточна Европа




 

Извор: Фејсбук


bottom of page