top of page

ПОРАКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА, КОСТАДИН КОСТАДИНОВ, ДО ХЕРА И МАРГИНИ

Хера и Маргини побараа од градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, да се огради од трибината што се одржа на 17.03.2023 г. во НУ Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица на тема „Зошто НЕ за сексуалното образование во училиштата?“, и од ставовите кои беа изнесени таму. Тој денес преку новинарите ги удости со следниот одговор:


„На кого му пречи слободата? Фундаментално човеково право е правото да видам, да слушнам, да опсервирам, да го размислам и да го кажам мојот став. Не чувствувам должност како градоначалник, а уште помалку како човек, да се оградувам од ставовите на Црквата. Затоа што Црквата има право на свој став. Дали јас се согласувам или не се согласувам, и тоа е мое право. Но, дали треба да бидам обвинет затоа што сум бил присутен на трибината, заедно со советниците... и да бидеме обвинети, сметам дека не е добро.


Моето лично чувство, мојот личен однос со Црквата, со Струмичката епархија, е од мојата најрана возраст, од моето раѓање. Функцијата градоначалник, ниту ќе ме натера да јас го растурам мојот личен однос со Црквата, со мојот духовен отец викарниот Епископ г. Јаков, само заради тоа што сум градоначалник. Функциите се минливи и се менливи. Нашиот однос, мојот однос, односот на советниците со Црквата... ние имаме советници кои што се муслимани.. во Струмица имаме и католици, имаме и протестанти и со ништо тоа не смее да биде чепнато. Тоа е толку интимна работа, да бидеме јавно обвинувани, затоа што сме сакале да слушнеме.


Од друга страна, обврска на градоначалникот и на советниците е да слушнат. Дали ќе се согласат или нема да се согласат е нивна работа. Струмица е лидер во имплементација на иницијативи, проекти, во однос на социјалната заштита, во однос на сите ранливи категории на граѓани. И од тоа нема отстапување.


Притоа, ја користам оваа прилика, во името на Струмица, градот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, да пуштам порака кон таквите организации да се извинат во најкратко можно време, оти тоа ги повредува чувствата на сите, буквално на сите граѓани на општина Струмица. Благодарам.“


Еве и линк од видео обраќањето на градоначалникот:


bottom of page