РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ЛИКОВИТЕ НА ДИЗНИ


Корпоративната директорка на Дизни вети дека ќе се залага во најскора иднина барем 50% од ликовите на Дизни да бидат репрезенти на расните малцинства и LGBTQIA (простете, ние после „Т“ престанавме да разбираме и да се интересираме за додаваните букви).


Новите политики на Дизни се скицирани во стратегијата „Reimagine Tomorrow” и ќе се импплементираат до крајот на оваа година. Нивна движечка и оперативна сила е директорката Кејти Бурк, која нагласува дека самата е мајка на едно трансродово дете и едно пансексуално дете. Нејзината идеја е половина од карактерите да бидат претставници на LGBTQIA и расните малцинства со што компанијата на дело ќе ја потврди заложбата за инклузивност. Тоа го потврди и извршната продуцентка Латоја Ревено која рече дека веќе извесно време се бутка „геј агенда која воопшто не е тајна.“

И забавните паркови на Дизни ќе треба да се прилагодат на своите не-бинарни посетители, изјави Вивијан Вер чија функција доволно зборува за фокусот на компанијата; таа е шеф на дивизијата на Дизни за диверзитет и инклузија.   Од минатото лето тие ги отстраниле сите родови поздравувања па наместо „дами и господа, момчиња и девојчиња“, официјалниот поздрав сега е „Здраво на сите.“ Многумиина веруваат дека култниот бренд ќе биде упропастен со новата „разбудена“ идеологија која е контра уверувањата на самиот Волт Дизни кој имаше конзервативни погледи на светот.

Дека корпорацијата ги преминува линиите ги потсети гувернерот на Флорида Ронде Сантис откако „Куќата на Мики Маус“ издаде соопштение со кое се осудува неговиот нов закон, познат како “Don’t Say Gay” (намерно извитоперено име од страна на прогресивците - заб.на уред. на Коалицијата).


„Оваа држава е водена од интересите на луѓето од Флорида. Не од барањата и желбите на извршните директори на корпорации во Калифорнија. Тие не ја водат оваа земја. Тие немаат контрола на оваа земја,“ им порача ДеСантис. Законот по кој се произнесе Дизни и други разбудени инстанци, забранува наставниците да дискутуираат за ЛГБТ теми како што се родовите идентитети и сексуални ориентации со ученици до четврто одделение.


-------------------


Преземено од ОффНет

12 views0 comments