top of page

РОД или трансРОДово одРОДништво?

Пишува: Зоран Јованчев,

Претседавач на Претседателството на Родина Македонија


Да започнеме со тајните и кодот на нашето македонско СЛово.


РОД е основата на наРОД.


РОД е основата и на РОДители, праРОДители, поРОД, РОДнини,

РОДоверие, РОДољубие, приРОДа, РОДина, итн…


Во суштина, тоа е цел еден приРОДен систем на живеење, постоење,

во кој имаме нормално функционирање на РОДот, негов природен

раст, негово природно живеење со при-РОДата.


Под РОД се подразбира и припадност на едно исто, сРОДно.

Обединување на повеќе родови, фамилии, се оРОДиле, наРОДИле,

создале наРОД.


Македонскиот наРОД е дел од тој приРОДен процес.


Кога треба да се завладее еден простор на кој живее еден наРОД, се

разработуваат системи на поделба на тој народ, кои во суштина го

имаат одРОДништвото.


Така римјаните ја беа поделиле Македонија на 4 дела, притоа

забраниле луѓето од различните делови да комуницираат помеѓу

себе.


Ние денес имаме обид да се завладее целата планета, да се создаде

трансхумана единка, која ќе биде конзумент на идеологијата и

производите на корпорацијата. Односно, ние денес имаме обид

целото човештво да се сведе на пад, да биде заПАДнато.


За да се одвои единката од едното, едносот, потребно е да се

раскинат врските во тоа едно, кое ние го нарековме род, народ,

еднос.


Денес сме сведоци на дејствието на тие сили преку дејствието на

разно разни невладини организации, сите финансирани од

заПАДнатите сили, но веќе и преку државните институции кои се

превземени од истите.


Ајде да видиме нешто од одРОДената неприРОДа!


Од предлог законот за (из)РОДова еднаквост!


Член 4


1) „Пол“ ги подразбира биолошките и психолошките карактеристики

врз основа на кои луѓето се дефинираат како жени или мажи.


2. „Род“ ги подразбира општествени својства и можности што се

поврзуваат со тоа да се биде женско или да се биде машко, и со

односите меѓу жените и мажите и момчињата и девојчињата, како и

односите меѓу самите жени и односите меѓу самите мажи.


6)„Жени, мажи и лицата со разновидни родови идентитети“ ги опфаќа

и лицата до 18 годишна возраст.


8)„Лице со разновидни родови идентитети“ е секое лице кое не се

идентификува во бинарните идентитети на жена или маж, а ги

опфаќа и трансродовите лица, транссексуалците, интерсексуалците и

родово небинарните лица.


„Пол, психолошка карактеристика“


Психолошка карактеристика врз основа на кои луѓето се дефинираат

како жени и мажи!? Полот е дефиниран со раѓањето. Тој пол го

обликува човекот од внатре и надвор. Природата со своите чудесни

закони отприлика во идеален сразмер 50:50 ни дава мажи и жени и

знаеме зошто тоа е така. Истото се случува и кај животинскиот род.

Непишан закон кој функционира совршено од постоењето на светот.

Како може пол да е психолошка карактеристика? Ако е така, а не е,

тогаш нашата психа може да си поигрува со нас и ние да се

подведеме на таа игра, играјќи си денес како маж, утре како жена,

или на часови, наутро маж, навечер жена. Денес веќе имаме случаи

каде возрасни мажи психолошки се карактеризираат како бебиња и

притоа бараат да им преповиваат пелени. Но дали е тоа нормална

психа? Дали врз основа на неа треба да се изгради закон?


„Род, односите меѓу самите жени и односите меѓу самите мажи“


Нашиот наРОД познава однос помеѓу маж и маж и жена и жена, многу

пред западот да излезе од пештерите на своите инквизции,

колонијализми, тоталитаризми, фашизми, итн. Во нашата традиција и

култура на живеење кога двајца мажи, или две жени ќе станат блиски,

а не се род, има процесија која се нарекува побратимство и

посестринство, каде се озваничува таа блискост. Никој од нив не

побарал таквата блискост да ја озваничат со брак, затоа што сосема

природно, тие знаат дека тоа не може да биде брак. Значи многу пред

ЛГТБQ+ , Македонците имаа љубов помеѓу ист пол, без притоа да ја

сквернават таа света институција со сексуални односи.


„Жени и мажи и лица со разновидни родови идентите, ги опфаќа

и лицата до 18 години“


Ги опфаќа и лицата до 18 години!


Стигнавме до суштината на овој закон! Инаку тој ни доаѓа од

глобалните неолиберални системи, на кои целта им е токму

природното битисување на РОДот, народите. Зошто? Бидејќи во

РОДот имате цел еден имун систем од високи морални, духовни и

културни вредности, кои не дозволуваат болест од надвор слободно

да се движат помеѓу неговиот народ.


Неолибералните „елити“ се репрезенти на вештачката, одРОДничка

неприрода, живеат во паднатата природа на човекот и сакаат да го

предизвикаат Бога, на сите полиња од неговото создавање, а воедно

и да го паднат човекот.


Ние денес гледаме дека во тој процес се доста успешни, добро се

ороганизирани, ги владеат државите, меѓународните системи,

медиумите, го владеат и образовниот процес и создаваат привид и

систем по кој сите ние се однесуваме и со секој ден се повеќе

заПАДнуваме.


Суштината на овој закон се нашите деца!


Тоа е популацијата врз која може да се делува со оваа одРОДничка

идеологија и која може да направи трајни штети врз здравиот

психофизички развој на детето, без можност да се поправи истото.

Притоа, ќе се создаде Инквизициско тело кое ќе го казнува секој еден

кој ќе влијае на детето да не го промени својот пол. Тоа тело ќе ги

наметне механизмите на одРОДување на целото општество преку

казнена политика, поддржана од целиот државен апарат.


Ова се критични времиња каде човештвото е исправено пред голем

предизвик, да се биде човештво или да се биде само уште еден обид

за цивилизација.

Comments


bottom of page