top of page

РОДОВАТА ИДЕОЛОГИЈА: ИНКВИЗИТОР НА НАУКАТА, ИНДОКТРИНАЦИЈА СО ИЛУЗИИ - Кире Тошевски


Ова движење доаѓа како идеологија, а поаѓа од идејата дека полот, по нивна формулација - родот, е менлив и може да се менува кога и да посакате тоа да го сторите, може и секој ден, дури и во текот на еден ден повеќе пати. Индоктринира илузија кај малолетници и деца (кои ментално не се способни да расудуваат за вакви одлуки и кои лесно може да се манипулираат и доведат во заблуда) дека полот е менлив, и со хируршки интервенции и експериментални лекови - блокатори на пубертетот и природниот процес на развој, можно е тоа да се "направи", не запознавајќи ги со научните докази и факти, кои велат дека сето тоа не е возможно... Во овој случај, ја цензурира биологијата како наука, инквизиторски делува во правец на нејзините истражувања и достигнувања со напори едноставно да ја укинат, т.е да ѝ забрани научно да се изјаснува дека дури и врз основа на ДНК-та постои само маж и жена, два пола, што прецизно со егзактни научни резултати е докажано и поинаку не може ни да биде. И пред раѓање и постхумно, поинаку не може да се докаже. Станува збор за идеологија, која го одобрува сето ова горе наведено, и притоа верува во тоа дека некој, некако, се родил во погрешно тело, дека родот/полот може по сопствена волја да го одреди... Кога некој ќе се чувствува инаку, т.е кога мисли дека е роден во погрешно тело, го поттикнува и поддржува сето тоа да го реализира насилно - со хируршки зафати, создавајќи илузија кај личноста дека тоа е можно. Во овој случај инквизиторски повторно ѝ застанува на патот на науката - психологијата, која се занимава со проучување на процесите и причините за нарушување на човековата психа, и забранува да даде дијагноза за настанатата состојба и да пружи помош. И наместо да го бара изворот на проблемот, причината за истиот, родовата идеологија поттикнува "лечење" на последицата од тој проблем (од обратната страна или испревртено, како и сѐ што сака да претстави). Цензурираат да се говори на оваа тема, хистерично криејќи се зад обвинувања за хомофобија и говор на омраза и што уште не... И сето тоа го прави и индоктринира со нејзината идеологија, без притоа да даде објаснување, да ги запознае овие засегнати лица, дека сите ставови што ги застапува и сака да ги спроведе се природно и научно неосновани и едноставно паѓаат во вода... Овие лица имаат право да знаат дека, маж со отстранет пенис ќе биде повторно биолошки маж без пенис, на кого му останува само апсолутното право да се чувствува и идентификува како жена или нешто друго... Имаат право да знаат дека жена со отстранети гради и вагина, останува биолошка жена без вагина и гради, со право да се чувствува маж или како и да сака... Имаат право да знаат дека нивните вагини, гради и пениси одат во неповрат, т.е враќање во првобитната состојба на телото не е можно. Исто така, многу важно е да се знае дека правото и слободата на сексуалната ориентација нема никаква врска со касапење на сопственото тело. Треба да знаат дека ова е само идеологија, дека само слепо следат нечија идеја. Идеологија против наука, која е само искривување на реалноста и претставување на истата само таква каква што сакаат да ја продадат, или едноставно кажано, продаваат заблуда со добра реклама. Јас не велам дека овие лица се заведени, меѓутоа тврдам дека не се запознати со сите околности, факти и докази, кои токму нив ги засегаат, и со инквизицијата врз науката и индоктринација со илузии, не им е оставен доволен простор добро да размислат и научно да се консултираат. Нека проверат, НАУКАТА Е СЕКОГАШ НА НИВНА СТРАНА.

 

Не ми е битно дали (текстот) ќе го објавите или не, битно ми е да не ја изгубите енергијата за борба на ова поле, борбата за нашите деца... ПОДДРШКА ОД МЕНЕ!



 

Почитувани,

Добредојдени сте да дадете свое видување

на радикалната родова идеологија.

Ве покануваме да ни пишете на

koalicija@zadecata.org



bottom of page