top of page

РОДОВО „СЕКТАШЕЊЕ“ НЕ



Поддршка и алал за секој политичар кој ќе собере храброст и ќе крене глас против родовата идеологија во нашето општество. Дали е поради слобода на вероисповест или едноставно здрав разум, сеедно.


Сексуалното образование во основа не е страшно, дури е корисно, но истото се користи како параван за тивка индоктринација на децата уште од најрана возраст со содржина која е во најмала рака скандалозна, па се создаваат наративи и некакви социјални конструкти кои во суштина имаат една цел, деидеологизација на општеството, алиенација на децата и создавање дрво без корен. Девијација да ни се продава како само една од можностите за избор.


Ова нема никаква врска ниту со правата на жената како такви, напротив ја урива и деградира позицијата на жената зајакнувана постепено децении наназад.

Време е оваа жедна јавност на тапет да ги стави големите теми, како оваа на пример, а не "зачучулено" да се протнуваат на задна врата.


Десницата, условно кажано, мора да предничи со јасни ставови на оваа и слични теми, а не да чека само да се налепи на конкретен ад хок случај.


Честитки за организацијата на настанот во Струмица, Епископот Јаков, Коалицијата за заштита на децата, политичките чинители од Општина Струмица, вклучително градоначалникот, пратениците од опозицијата, советниците итн.


Ова општество почива на вредности кои мора да ги негуваме и почитуваме.


Родово "секташење" не!


Секој ќе биде толериран и недискриминиран, но маж е маж, жена е жена!


Жарчето е запалено!



Comments


bottom of page