top of page

СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е СУСПЕНДИРАНО ОТКАКО „ДРАГ КРАЛИЦА“ УЧЕЛ 11 ГОДИШНИ ДЕЦА ДЕКА ИМА 73 ПОЛА



Едно училиште на Островот Ман (остров што се наоѓа во Ирското море) ја прекина наставната програма за сексуално образование, откако гостин „драг кралица“, наводно, им кажал на учениците дека има 73 пола и натерал едно дете, кое тврдело дека има „само два пола“, да го напушти часот.


Откако деца од 7-мо одделение беа истрауматизирани на час каде се објаснувале операции за „промена“ на полот и сексуални дејствија, во средното училиште „Кралица Елизабета Втора“ во Пил на Островот Ман покрената е независна истрага за да се направи увид во настанот.


Владата на островот започна преглед на училишната лична, социјална, здравствена и економска наставна програма (PSHE), откако родителите изразија загриженост за лекцијата - особено за „графичката, непропорционална, непристојна презентација“ на сексуалните дејствија и родовите идентитети што се предаваат на нивните деца, пренесува The Telegraph.


Сето ова со помош на „драг кралица“ кој поучувал 11 годишни деца дека има 73 пола.

Ученикот кој рекол дека „има само два пола“, драг кралицата го натерал да ја напушти училницата.


Децата, исто така, биле поучувани за орален и анален секс, додека друга група била информирана за операциите за промена на полот и како може да се користи кожа за конструирање на вештачки пенис.


Еден од наставниците морал да ги учи учениците во 7 и 8 одделение како да мастурбираат.


Елиза Кокс, заменик-претседател на парохиските комесари на Марун, за Energy FM од островот изјави: „Многу деца се толку трауматизирани, што не можат да разговараат ниту со своите родители. Како родител, не знаеш што ти ги учат децата“.


Петиција, упатена до директорот на училиштето, беше започната од родителите кои повикуваат на „итна истрага“ на лекциите. Петицијата гласи: „Сметаме дека присуството на „драг кралица“ на часовите и исфрлање на учениците кои се очигледно збунети околу информациите што се дискутираа на оваа сесија, го сметаме за сосема несоодветно“.


„Како, кој и зошто на овој гостин-говорник му дозволи да разговара за родовите прашања пред несоодветна детска публика, кој всушност е неискусен и необучен возрасен?“


Ова се случи откако островот во септември воведе нова наставна програма за врски и сексуално образование.


Шарлот Кларк, директорката на училиштето, изјави: „Откако гледавме видео кое моментално циркулира на социјалните мрежи во врска со наставната програма за сексуалното образование на училиштето и како тоа било предадено, загрижени сме дека може да има голем број неточности во информациите што се споделуваат. Со оглед на пројавената загриженост и со цел да бидеме отворени и транспарентни, побаравме независен увид на ситуација. Затоа, се радувам што ќе учествувам во независната ревизија што ја спроведува Министерството за образование, спорт и култура и ќе ја охрабри нашата заедница да избегне шпекулации во овој момент“.


Портпаролот на Одделот за образование додаде: „Училиштата мора да се погрижат сите содржини што ги користат да бидат фактички и соодветни за возраста, и да се во контакт со родителите за тие да бидат информирани за тоа што ги учат нивните деца.

Ќе им пишеме на сите училишта во ова полугодие, за да нагласиме дека родителите имаат право да ги разгледаат наставните материјали кои им се предаваат на нивните деца во училиштата“.


Извор:

bottom of page