top of page

ШКОТСКА: ДА ИМ СЕ ДАВА ХОРМОНИ ДОДЕКА ЧЕКААТ ДА ИМ БИДЕ ИЗВРШЕНА ПРОЦЕНКА


Од матичните лекари во Шкотска се бара да почнат да препишуваат рецепти за моќни хормони на лицата, коишто веќе имаат упат за специјализираните родови клиники, и покрај тоа што лекарите велат дека не се квалификувани да ги лекуваат овие пациенти и предупредуваат за недостатокот на докази, кои би ја поддржале употребата на овие медикаменти. Извештајот нарачан од шкотската национална здравствена служба NHS и одобрен од заменик-главниот медицински советник на владата, повика рецептите за хормони да бидат достапни преку матичните лекари за оние кои се веќе упатени, но сѐ уште непрегледани од специјализираните родови клиники.


Времето на чекање за четирите специјализирани родови клиники во Шкотска порасна во последните години, поради брзиот и необјаснет пораст на бројот на луѓе кои бараат упати, што значи дека новите пациенти сега се соочуваат со четири години да поминат на листата на чекање.


Извештајот, кој беше напишан со придонес на ЛГБТ луѓето и други „засегнати“ организации, покажа дека 15% од луѓето на листите на чекање купиле хормони незаконски преку интернет, додека 18% платиле за да добијат приватен рецепт.


Извештајот повикува за поголемо вклучување на примарните здравствени установи што ги третираат транс лицата, како и „хормони при чекање“ да им се дадат на оние на листите на чекање пред да бидат прегледани од специјалист, кој го проценува физичкото и менталното здравје на пациентот.


Сепак, лекарите во Шкотска веќе изразија загриженост поради зголемениот број пациенти кои бараат лекови без формална проценка и активистите рекоа дека би било „потенцијално опасно“ хормоните да се доделуваат врз основа на самодијагноза.


Хормонските медикаменти се наменети да го променат физичкиот изглед на една личност за да се чувствува поудобно во своето тело, при што на транс мажите им се препишува тестостерон, а на транс жените - естроген.


Официјалното упатство на NHS предупредува дека постои „неизвесност“ за долгорочните ризици од хормоните од спротивниот пол, со познати несакани ефекти, вклучувајќи згрутчување на крвта и неплодност. Во моментов, на матичните лекари им е кажано дека треба да ги припишуваат лековите само по совет на специјалист.



 

Извор:



Comments


bottom of page