top of page

(ВИДЕО) СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ

Коалицијата за заштита на децата ви ја честита Новата 2023 година! Бидете живи и здрави, весели и радосни! Следната година да покажеме уште поголема храброст и одлучност за заштита на децата и да ни донесе многу повеќе успеси од оваа година.


Ретроспективен преглед на првата година од постоењето на Коалицијата:


- Коалицијата беше оформена во март 2022 година со цел да се сопре законот за промена на полот само изјава заверена на нотар


- Законот беше спречен и Коалицијата и граѓаните на Македонија издвојуваа победа

- Од 20 здруженија, пораснавме на 28, главен партнер е Family Watch International, поддржани од GENID, вмрежени со неколку балкански организации


- Секогаш транспарентни и отворени за соработка, со редовни известувања за настаните во светот и земјата, ја стекнавме вашата доверба и довербата на слободните медиуми


- За кратко време, голем број проекти и поддршки: поддршка за српските традиционални семејства, анкета и петиција за заштита на децата од штетни идеологии, документарци, конкурс и новогодишна игра за деца, хуманитарна акција за социјално најзагрозените деца, вебинар со психолог...

Сето ова ќе беше невозможно без ваша поддршка, поддршката од родителите, поддршката од нашите коалициони партнери, поддршката од нашите спонзори, особено прекрасните сопственици на хотел Шумски Фенери, највредните наставнички и нивните ученици, поединци кои секогаш безрезервно ни излегуваат во пресрет итн.

Да ве прозиваме, нема да ни стигне цела книга, затоа направивме една видео разгледница само со мал дел од она што се случи и од луѓето кои допринесоа во разубавување на Коалицијата!


Успехот на Коалицијата е доказ дека за позитивни промени во општеството не се потребни финансии, колку што е потребно слога и обединетост. Да продолжиме заеднички тоа да го сведочиме и во наредната 2023 година.


СРЕЌНА НОВА 2023 ГОДИНА



bottom of page