top of page

What Is a Woman? ИЛИ „Што е тоа жена?“ - ПРАШАЊЕ КОЕ СТАНУВА СÈ ПОСЛОЖЕНО И ПОСЛОЖЕНО



Пишува: Ивица Арсов

Дојде и тој ден, во нашето Свети Николе, кое има голема традиција во киноприкажувањето, да се прикажува еден од најгледаните документарни филмови во последната година „Што е тоа жена?“ (What Is a Woman?) од Мет Волш, којшто беше прикажуван бесплатно благодарение на Коалицијата за заштита на децата и Елеуса Фондацијата. На почетокот, од страна на преставник на организацијата ни беше претставено дека тоа не е акционен филм, но дека се надева дека ќе ни го задржи вниманието.

Не само што ми го задржа вниманието не само на мене, туку и на сите присутни во текот на целата проекција, туку стана филм што не е акционен, но и те како е филм којшто тера на акција. Тоа беше и мотивот за ова писание, коешто се надевам како медиум ќе го проследите во целост.


Да ми речевте пред неколку години, немаше да ви верувам дека прашањето „што е тоа жена?“ е толку тешко, а од стана на авторот Мет Волш добро се разобличени причините за сè поголемата тешкотија за одговор на ова навидум едноставно прашање. Особено, уште потешко можат да го одговорат оние коишто ја „усложнија“ работата околу ова прашање.


Да, општото мислење е дека ние сме далеку од случувањата од самиот филм, но дали е така!? За жал, ваквите работи кај нас се вршат без малку отворена дебата, со европско знаменце и сл. Но, после тоа, сè ќе е отидено предалеку за да се поправи ситуацијата.


Да се вратиме малку нананзад. Сè започна уште од ратификувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, позната како Истанбулска конвенција, каде што за првпат на еден докуменет, којшто го ратификува нашата држава, во член 3 од истата постои дефиниција за род, која гласи: „род“ ги означува општествено конструираните улоги, однесувања, активности и атрибути што дадено општество ги смета за соодветни за жените и за мажите“. Ваквата дефиниција за род овозможува за жена или маж да мора да се прифати оној којшто така си се чувствува.


Во Член 4 имаат „ветер во грб“, што би се рекло, бидејќи сосема непотребно согласно проблематиката (жртви на смејно насилство), со истата без одлагање преземаат потребни законодавни и други мерки и интервенции директно во правниот систем, а воедно и со обврските во член 12, со кои објавуваат директна војна (цитирам): „искоренување на предрасудите, обичаите, традициите и сите други практики кои се зановаат врз идејата за инфериорност на жените или врз стереотипните улоги за жените и мажите“. Со кои тоа стереотипни улоги за жените и мажите и како ќе се искоренуваат?


Оваа недореченост им дава широка лепеза за манипулација и однапред добиена битка на сите LGBTIQ+ групации и нивни НВО поддржувачи и стигматизирање и жигосување на сите оние кои ќе бидат против ваквите дефиниции и кои ќе бидат противници на нивните дејанија, како трансфоби, женомразачи, диносауруси, затупени и сето тоа со една „обландирана“ законска заштитеност, којашто ќе си ја обезбедат и којашто и те како ќе претставува еден вид на ефикасен метод за избегнување на секоја критика и замолчување на апсолутната вистина за семејството и полот на луѓето, а ќе оди преку држваниот апарат, кој тогаш ќе мора да биде во функција на нивната идеологија.


Сетo тоа ќе го остварат преку Министерството за труд и социјална политика (каде добро се инфилтрираа поддржувачи на нивните политики), кое е одредено како надлежен орган на управата, кој ќе се грижи за извршување на одредбите од Конвенцијата. Истото Министерство имам чуство дека е заложник на НВО организации коишто работат во областа на родовата еднаквост и дека претставува нивни мегафон, неместо да биде на страната, потребите и волјата на сите жители и да ги решава вистинските проблеми со коишто жителите се мачат, а се под надлежност на самото министерство: невработеност, социјални услуги, заштита на децата, трудовите права, животниот стандард, заштита на лицата со пречки во развојот итн.


Со погоре споменатата Конвенција се отвара вратата за определени антисемејни силни групации да вметнат во нашите закони дефиниции и секакви дообјаснувања, коишто само ним ќе им користат, а потоа и во нашата колективна свест „едно кукавичо јајце“, што засекогаш ќе ни го направи прашањето „што е тоа жена?“ сè потешко за одговарање.


Како и во претходни случаи, на маката на другите (во овој случај, на жртвите на смејно насилство) ќе профитираат и те како LGBTIQ+ организациите, коишто имаат почва за „работа“, бидејќи самата Конвенција повлекува домино ефект за изменување на повеќе закони, меѓу кои и Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Законот за еднакви можности меѓу мажите и жените, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за семејство, Законот за заштита на децата, а непотребно задираат и во Законот за матична евиденција, со што потоа ќе следи напад на сите плански и стратешки документи, учебници и др. И сето тоа ќе има финансиски импликации, но тоа не е најголемата штета којашто ќе ја направат.


Во секој од овие закони ќе ја вметнат спорната дефиниција со којашто ќе ја отворат пандорината кутија за редефинирање на општеството коешто традиционално го знаеме, создавајќи заблуда за сè што досега сме знаеле, а тоа и те како ќе ни го усложни одговорот на прашањето „што е тоа жена?“.


Нема ни да биде прв закон во кој групации и НВО организации буткаат нешто што воопшто не ѝ носи никаков дополнителен квалитет на државата или како што тие милуваат да кажат – општеството, а кој целосно задира во области кои се длабоко традиционални и прифатени од поголема група на луѓе на тоа општество, како и во самата наука (како апсолутна вистина на фактите), со што насилно со носење на закони ќе се наметнува желбата на помала антисемејна LGBTIQ+ групација.


Единствените реакции на коишто се сеќавам за Конвенцијата беа на поранешниот Претседател Иванов, кој укажа на ризикот дека преку родовата перспектива, Конвенцијата воведува нова и неконвенционална дефиниција на родот како општествен конструкт, што е независен од биолошкиот пол и што може да се менува според волјата. Како и на наставно-научниот совет при Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје преку соопштение, каде се вели дека:


Конвенцијата ја воведува т.н. „родова перспектива“ (gender perspective), која суштински го менува значењето на поимите „маж“ и „жена“, исто така, се воведува контроверзна дефиниција за „родот“ како општествен конструкт, независен од половата реалност, како и поимот „родов идентитет“, различен од поимите „пол“ и „род“ (чл. 3-4).

Тука кај мене се запали црвеното светло, за сè повнимателно следење на овие штетни општествени текови, коишто многу брзо ќе станат законски обврски, а во брза иднина и секојдневие.


На неколку средби, обуки и сл. бев нападнат и окфалификуван за моите ставовои, а еднаш и по мое директно изразување и несогласување за ратификување на самата Конвенција бев посочен како „женомразец“ и „мизогин“, без воопшто да се слушнат критиките по истата и за кој дел се однесуваат самите критики.


Се гледа дека се обучени да протераат една ваква работа, веќе се организирани во платформи, чадор организации и сл. До сега молчеа, но кога од страна на Епископот Јаков Стобиски им се зададе мал удар т.е. гребнатинка, удрија со сета сила фронтално против Црквата и верата, етикетирајќи ги, налепувајќи ѝ стереотипи и спинувајќи сè што е кажано, без да се слушнат конструктивно критиките. Го прават тоа што отсекогаш го прави оној којшто во немање на факти и гледајќи дека ја губи дебатата, и самиот сознава дека не е во право, па единствено што му останува е да вика со повисок тон - урлање и мафтање со рацете, глумејќи жртва и чекајќи кај другите да проработи синдромот на поддршка на послабиот, со цел добивање на нивните симпатии. Но, за жал, на ова нивно урлање, први со симпатија се јавија од Министерството за труд и социјална политика. Навистина жалосно.


Филмот и те како не само што задира во прашањето „што е тоа жена?“, туку подлабоко ги разобличува намерите на сите оние коишто одговорот на ова прашање во иднина го прават да биде сè потежок. А го отвора и прашањето за таргетот на овие групации, а тоа се децата и младите. Е како што пееше Борa Чорба: „Децата нема да ти ги опростам“! Затоа, топло им препорачувам на сите да го изгледаат филмот, кој сè повеќе и повеќе се трга од сите социјални мрежи, освен од Твитер, каде руши рекорди по гледаност, за да осознаат која е вистинската намера на овие групации и да видат каде всушност оди оваа работа, за да можеме да реагираме навреме.


Сите ние треба да преземеме акција, инаку во наредниот период ќе ни се случи тоа што тие го сакаат - сите ќе ни велат: „Што се замараш со тоа? Зошто пак тебе те интересира тоа? Што имаш па ти од тоа? Не е ништо страшно, што ти е па на тебе? Кој што сака нека прави, негов живот, шо се замараш? Си има експерти за ова, кој си па ти да кажуваш? А поповите џипови шо возат? Остај тие глупости се, тоа глеј си семејството и животот, шо се замараш“...


Да не биде после доцна и да нема назад, да ги заштитиме децата и да го заштитиме семејството.


Не сум експерт за родови и полови и сл. Ама не се ни тие.

bottom of page