top of page

ЛАГАТА ДЕКА МАЖИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ЖЕНИ ВОДИ ДО ТОА СИЛУВАЧИТЕ ДА БИДАТ СТАВЕНИ ВО ЖЕНСКИ ЗАТВОРИ

Лагата дека мажите можат да бидат жени води до тоа силувачите да бидат ставени во женски затвори и машките спортисти да ни ги крадат наградите, пишува родово критичната авторка Хелен Џојс

Замислете да се вратите дома и да најдете торта на вашата кујнска маса, глазирана во розова боја со исечено парче за да се види синиот пандишпан внатре. До неа има писмо од вашата тинејџерка, во кое се вели: „Мамо и тато, знам дека мислевте дека имате ќерка, но сега разбрав дека навистина сум момче“. Розова торта однадвор, сина внатре, е само едно од сценаријата како да им кажете на родителите дека сте транс што се споделуваат на форумите на интернет. Таму ги прикажуваат родителите кои не го прифаќаат веднаш новиот родов идентитет на детето како „трансфобични“. На децата им се советува да ги „вразумат“ со жалби до училиштата и социјалните служби.


Во кој било друг контекст, на пример, ако анорексична тинејџерка се заканува дека ќе се самоубие зашто нејзините родители одбиваат да ѝ дозволат да гладува, тоа би се сметало за емоционална уцена. Но, идејата дека може да се „родиш во погрешно тело“, дека секој има „родов идентитет“ кој понекогаш не се совпаѓа со неговиот пол, сега нашироко се претставува како факт. И ЛГБТ+ невладините организации како Стоунвол и Мермаидс во Велика Британија тврдат дека децата што се идентификуваат како транс веројатно ќе се обидат да се самоубијат, освен ако не се прифатат нивните тврдења за идентитетот, користејќи звучни фрази, како „подобро жив син, отколку мртва ќерка“.

Некои родители потпаднаа на ова и се чини дека уживаат во социјалниот статус што го овозможува детето што се идентификува како транс. Но, повеќето родители кои „социјално го транзиционираат“ своето дете, користејќи ново име и заменки и преправајќи се дека полот на детето е променет, го прават тоа затоа што веруваат во искривениот наратив на транс лобито и се преплашени да не го загубат своето дете.


Всушност, податоците од Националната здравствена служба (државниот здравствен систем во Велика Британија) покажуваат дека младите што се идентификуваат како транс не се изложени на поголем ризик од самоубиство во споредба со другите млади луѓе кои се упатени на клиника за ментално здравје. И има огромен број докази дека општествената транзиција е ужасна идеја, бидејќи го утврдува она што инаку може да биде само минлива фаза. Ja зајакнува дисоцијацијата на детето од својот полот, и ја зголемува веројатноста за прогресија до трајни медицински интервенции, како што се блокатори на пубертетот, хормони од спротивниот пол и операција на гениталиите, кои предизвикуваат когнитивно оштетување, кршливи коски, сексуална дисфункција и стерилитет.

Трансродовата двојна силувачка Исла Брајсон била испратена во Корнтон Вејл - единствената установа во Шкотска, која е целосно женска, да биде задржана во сегрегација за да се чека пресудата. Овој потег предизвика бурни негодувања на почетокот на оваа година
Исла Брајс, маж што се идентификува како жена, кој иако силувал две жени, беше испратен во Корнтон Вејл - единствената установа во Шкотска, која е целосно женска, во сегрегација да ја чека пресудата. Овој потег предизвика бурни негодувања на почетокот на оваа година
Слика од полицијата во Шкотска од Исла Брајсон, порано познат како Адам Греам


Како што сугерира самиот збор „социјална“, социјалната транзиција не е нешто што можете да го направите сами. Кога родителите се согласуваат со фантазијата на детето да биде спротивен пол или во случај на „небинарни“ идентитети дека нема пол, тие му даваат имплицитно ветување на детето дека сите други во општеството ќе ја прифатат истата фантазија.


Но, не секој ќе го направи тоа. Некои луѓе веруваат во зборовите на Библијата, дека Бог создал два непроменливи пола и мислат дека е грев да се преправаме поинаку. Други пак, како мене, имаат секуларни проблеми со социјалната транзиција. Освен ако не прифатиме дека жените се жени, мажите се мажи и ничиј пол не може да се промени, невозможно е на жените да им се гарантира приватност, безбедност и достоинство во интимните просторите или да се овозможи фер натпревар во спортот за спортистките.


Сето ова е заслепувачки очигледно, и до неодамна немаше ни потреба да се каже гласно. Но, експлозијата во детската транзиција значи дека сè повеќе се толкова како критика на изборот на некои родители. Едноставното, кажување на вистината за двата пола имплицира дека тие можеби катастрофално и неповратно им наштетиле на своите деца.

Лекси-Роуз Крафорд, маж кој се идентификува како жена, кој силувал жена и сексуално нападнал девојче, е затворен во машки затвор

Бидејќи тоа е премногу ужасно да се прифати, некои од родители реагираат со тоа што стануваат радикални транс активисти. Тие бараат родовата теорија да се изучува во училиштата и да се наметне во политиките на работното место со кои се дозволува секој да користи тоалет што одговара на неговиот „родов идентитет“. И тие го оцрнуваат секој што ги обелоденува фактите за транзицијата на полот во детството. Тоа е класичен случај на стрелање на гласникот.


Но, не можеме едноставно да се откажеме и да исчезнеме. Не зборуваме за овие штети од забава или затоа што сме полни со омраза. Тоа го правиме затоа што е важно за правата на сите. Лагата дека мажите навистина можат да бидат жени, а жените - мажи, доведува до тоа силувачите да бидат ставени во женски затвори, машките спортисти да крадат награди и победи што треба да им припаднат на жените и, пред сè, до медицинскиот скандал што веќе се расплеткува во детските родови клиники.


Беше навистина тешко да излезе нашиот глас во светот. БиБиСи, Гардијан и другите левичарски медиуми воглавно не информираат за оваа приказна, а кога информираат, погрешно нè претставуваат како биготи. Пред Илон Маск да го купи Твитер, често бевме банирани поради „погрешно родово идентификување“, што е точно обраќање според полот на луѓето што се идентификуваат како транс.


Ако не бевме замолчени, се прашувам дали толку многу родители би им кажале на своите деца дека сите други можат да бидат принудени да се преправаат, со што се поништуваат нивните права, а на крајот го оштетуваат и детето. Ужасната штета за оние кои веќе тргнале по овој пат е што нема враќање од таму.


Извор: DailyMail Australia

bottom of page