КАЛИФОРНИЈА, САД: УЧИТЕЛКА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЛА 7 ДЕЦА



Анета Гауер (35), учителка по биологија на Академијата Правиме бранови (Making Waves) во Калифорнија, притворена е поради 29 обвиненија за сексуално злоставување на деца.


Гауер имала бројни сексуални интеракции со 7 деца во 2021 и 2022 година со допирање, споделување на сексуални слики и сексуални односи. Полот и возраста на децата не се објавени, но Академијата ја посетуваат деца од 5-то до 12-то одделение.


Академијата е приватно училиште што едуцира повеќе од 1100 деца. Откако вработените дознале за наведените обвиненија, веднаш пријавиле на соодветните органи. Работниот однос на Гауер е прекинат.


Таа беше уапсена минатата среда откако се вратила од одмор на Хаваи и моментално е притворена во затвор во Ричмонд со можност да биде ослободена со кауција од 1.2 милиони долари.

8 views0 comments