Учениците во Англија на своите учители им се обраќаат со "господине" (Sir/Mr) и "госпоѓо" (Miss/Mrs), изрази со коишто се искажува почит. Меѓутоа, тоа не им се допаѓа на транс-активистите и затоа тие предлагаат да се заборават овие термини и да почнат да се употребуваат само родово неутрални, кои нема да посочуваат женски или машки род. Така, тие сметаат дека "teacher" (учител) би било посоодветно, затоа што во англискиот јазик не постои род на именките. Teacher може да означува и машко и женско.
Во сесија финансирана од Унијата за државно образование, др. Ели Барнс (фото), која е главен извршител на добротворната организација Едуцирај и прослави, што промовира позитивна порака за прифаќање на ЛГБТИ+ во училиштата, препорачува да не се користат зборовите "момче", "девојче", "син" и "мајка" и да се заменат со родово неутрални зборови.
Но, овој предлог предизвика бурна реакција кај народот, пришто на социјалните мрежи имаше забелешки дека "светот збудале".
Некои напишаа дека униите не смеат да ги трошат парите на членовите за WOKE пропаганда и дека членовите треба да се побунат и да ја откажат членарината.
Една од учителките кои биле присутни на сесијата, изјави:
"Се обидуваат да нѐ избришат со тоа што ни го одземаат нашиот јазик, велејќи дека треба да избегнуваме зборови како "мајка" и ние плаќаме за тоа."
Во видеа од други обуки, др. Барнс може да се види како сугерира дека машкиот и женски пол треба да се укинат од училишните апликации и дека и униформите треба да бидат родово неутрални.
На друга сесија во 2019 година, таа ги терала учителите да пеат "смачкајте ја хетеронормативноста*". Го започнала говорот со општи нешта околу мобингот и диверзитетот, за потоа да прејде само на родовиот идентитет и транс-говорот. И цело време се чинело како таа да дава инструкции, а не сугестии. Кога учителите ќе одговореле точно некое прашање, Барнс им лепела налепници со логото на нејзината организација - виножитото.
Оваа дебата се прошири и на англиската ТВ програма Ова утро, и домаќинот на емисијата, Дермот Олери, посочи: "Притисокот ќе биде врз децата со тоа што ќе треба да разберат нешто на возраст кога треба да бидат само деца и да не се грижат за такви работи".
-------------------------------
Извори:
Metro News - Why calling teachers ‘sir’ and ‘miss’ is old school
*хетеронормативност - правила и култура според којашто живеат луѓето што не се геј и родово збунети.
Comentários