top of page

ЗАТВОРЕНИЧКИ СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАНИ ОД МАЖИ ШТО СЕ ДЕКЛАРИРААТ КАКО ЖЕНИ



Голем број на жени-затвроренички се жртви на сексуално злоставува од страна на мажи што се самоидентификуваат како жени и на кои им е дозволено својата затворска казна да ја отслужат во женски затвори.


Карен Уајт (фото) од Англија е само еден од предаторите. Тој е маж што се облекува како жена, но нема извршено операција на гениталиите. Пресудена му доживотна затворска казна за педофилија, грабеж, сериозни повреди и насилсво, како и бројни сексуални напади врз жени. Тој во 2018 година беше префрлен во женски затвор, каде во период од само 3 месеци, сексуално нападна две затворенички. [1]


Иако на почеток Министерството за правда на Англија не ја обелоденуваа вистината, на крај признаа дека ваквиот сексуален напад во женски затвор од страна на мажи што се декларираат како жени, не е изолиран случај. Во мај 2020 година Дејли Мејл јавно објавија вкупно 7 такви случаи. [2]


Минатата година, Дејли Мејл ја објавија приказната на поранешната затвореничка Ејми Џонс. Трансродовото лице што ја силувало, служело затворска казна за сексуално злоставување на деца и жени. Кога тој одел да се тушира, затворските стражари ставале знак за жените да не влегуваат. Меѓутоа, тој се побунил дека со тоа му се нарушени човечките права и дека и тој како жена сака да се тушира со останатите жени. Ејми се прашува: што воопшто мислеа стражарите дека ќе се случи кога сексуален предатор со пенис ќе пуштат во простори каде жените се целосно соголени? [3]


-----------------------------


Извори:





bottom of page