top of page

ОН: ВЕРСКАТА СЛОБОДА ГИ НАРУШУВА ПРАВАТА НА ЛГБТИ+ ЛИЦАТА



Неодамнешната дискусија за време на 53-тото заседавање на Советот за човекови права при Обединетите Нации во Женева, стави до знаење дека верската слобода завршува таму каде што почнуваат т.н. ЛГБТИ+ права. Тоа е заклучокот од најновиот извештај на ОН за слободата на вероисповед или уверување наспроти слободата од дискриминација на малцинството ЛГБТИ+ лица, според кој слободата на вероисповед ги нарушува правата на ЛГБТИ+ лицата, велат од CitizenGO.


Извештајот беше подготвен од независниот истражувач на Обединетите Нации во врска со сексуалната ориентација и родовиот идентитет (SOGI), Виктор Мадригал Борлоз, со однапред очекуван наратив во корист на ЛГБТИ+ активистите. Пред неколку месеци Борлоз имаше отворен повик објавен на веб сајтот на ОН во кој повика секој што сака, да даде свој придонес кон извештајот.


На тој повик се огласи и Коалицијата за заштита на децата, пришто подготвивме наш осврт дека всушност оние што навистина се дискримирани се хетеросексуалците и родителите, со тоа што им се одземаат правата на вероисповед и правата за да одлучуваат како да ги образуваат и воспитуваат своите деца.


Освртот што Коалицијата го подготи за таа прилика може да го прочитате тука.

Претставници на CitizenGO беа директно присутни на седницата на ОН во Женева, меѓутоа целосно беа цензурирани и замолчени. Имено, кога Себастијан Лукомски конечно дошол на ред да говори, му било речено дека времето истекло, откако десетина радикални транс активисти пред него агресивно ја напаѓале верската слобода и им било дозволено да ги изнесат своите ставови.


Во кратки црти, најшокантните делови од Извештајот SOGI за оние кои веруваат во верската слобода, се следните:


· создавање „нов нормативен простор“ во кој владата наметнува прифатливи ЛГБТИ+ стандарди за верските заедници


· повикување на владата да се заканува и да ги казнува верските лидери и организации кои не се придржуваат до ЛГБТИ+ стандардите


· тврдење дека религиите (вклучувајќи го и христијанството) се чест изговор за насилство врз ЛГБТИ+ заедницата


· предлог до државите членки на ОН да ги поддржат оние верски лидери и институции кои ја поддржуваат трансродовата и ЛГБТИ+ идеологијата


· најава дека свештениците ќе бидат присилувани да склучуваат бракови помеѓу лица од исти пол, во спротивно ќе ја загубат привилегијата да склопуваат законски признати бракови


· нагласување дека верското поимање на семејството често ги „исклучува“ ЛГБТИ+ лицата


Заклучокот на извештајот е дека доколку сите религии не ја поддржат ЛГБТИ+ идеологијата, лицата кои се идентификуваат како припадници на ЛГБТИ+ заедницата ќе бидат исклучени и отстранети и тоа ќе им предизвика болка, проблеми со менталното здравје и потенцијално ќе ги доведе до самоубиство, а со тоа се нарушуваат нивните права.


Наративот којшто го наметнуваат во Обединетите Нации е дека верата и верските заедници треба да се прилагодат на ЛГБТИ+ верувањата, затоа што, како што изјави Мадригал Борлоз: „Религиите немаат човечки права, туку луѓето имаат човечки права“.

Дискурсот на овие радикали е толку опасен што го трасира патот за владината контрола врз верската пракса во сите земји кои се членки на ОН, па и во Македонија.

bottom of page