top of page

МАСАКРИРАЧОТ Е ЖРТВА, ТВРДАТ ТРАНС АКТИВИСТИ

Неделава јавноста ја потресе масакрот што се случи во приватно верско училиште во Нешвил, САД. Масакaрот го изврши девојка што се идентификува како маж, која беше усмртена на лице место од полицијата, откако таа им нанесе смртоносни прострелни рани на 6 лица, од кои три 9 годишни деца.


Се разбира, нормалните и емпатични луѓе како на секој масакар, така и на овој одговорија со сочувство за жртвите и осуда за стореното дело. Најверојатно на повеќето портали информациите беа пренесени само до тука. Она што не ви беше пренесено е тоа дека оние кои бараат од сите да бидат многу внимателни околу заменките и избраниот идентитет, вклучувајќи ги тука и владините тела, сега намерно и тенденциозно го користат вистинското име на девојката, наместо нејзиното машко име што таа го избрала. Но, уште погрозоморна станува целата ситуација со тоа што наместо либералните прогресивци да го осудат монструозниот злочин на ова ЛГБТИ+ лице, тие изреагираа на неколку фрапантни начини, што оддаваат впечаток дека кај нив постои злорадост, одобрување и охрабрување на вакви акции:


1. Нашите транс активисти се во потполн молк, иако знаеја да изреагираат против промените на законите околу абортусот во САД. И овој масакар се случи во САД, но ниту Маргини ниту Хера излегоа со осуда на истиот. Хера, која тврди дека ќе ги образува нашите деца да бидат сочувствутелни, емпатични и да се борат против насилството, не покажаа никаква сочувсвителност и емпатија, и ниту се борат против насилството во случај кога насилникот е лице од нивната ЛГБТИ+ заедница.


2. Трансродовите активисти од Македонија на Твитер поентираа дека конзервативците многу се загрижиле за овој масакар, иако претходно имало голем број масакри од лица кои не се трансродови, со што вршат намерно дефокусирање од проблемот или неволност реално да им се помогне на оние што имаат потреба.


Тоа што се појавуваат сѐ поголем број лица од ЛГБТИ+ заедницата кои вршат дела на агресија е јасен доказ дека менталните нарушувања се сѐ позачестени во нивните редови. Всушност, ова воопшто не е нов податок, само што, тоа што веќе е познато, сега зема сериозен насилнички замав. Познато е дека бројот на самоубиства кај транс-лицата е дури 20 пати повисок од бројот на самоубиства кај нивните врсници што не се декларираат како транс; имаат поголем ризик за да бидат сместени на психијатрија и зголемен ризик да бидат осудени за агресивни криминални дела, или да завршат мртви, како во овој случај.


Овие лица имаат потреба од соодветна медицинска грижа и нега за нивното ментално здравје. Криењето на проблемот под тепих само ќе придонесе за нови млади животи да бидат загубени.


3. Оправдување на делото со изговорот дека убиецот е жртвата е најапсурдната анализа што може некој да ја направи. Група транс активисти, наречена Trans Resistance Network најдиректно изјавија такво нешто. Според нив, убиецот е жртва затоа што „животот на транс луѓето е многу тежок", особено сега, со новиот закон во Тенеси, со кој се забрануваат секакви медикаменти и операции за лица под 18 години, т.е. за деца.

Девојката што уби 6 лица имаше 28 години, што значи овие закони воопшто не ја засегаат, но јасно е дека транс активистите намерно вршат вакво манипулативно поврзување.


Американскиот прогресивен шоумен и политички коментатор, Дејвид Пакман, се потсмеваше со училиштето, верските убедувања и жртвите и на Твитер изјави дека пукањето и убиствата во христијанското училиште се случиле поради тоа што не се молеле доволно.


4. Некои транс активисти повикуваат на вооружување и насилство (фото подолу) поради тоа што им се забранува на докторите да ги транзитираат малолетните деца.


Ова е вистинското лице на транс генерација Зи.





163 views0 comments
bottom of page