top of page

ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА „РОДОВАТА“ ИНТЕГРАЦИЈА

Вчера во нашата Филхармонија се одржа концертот „Севда“ каде главна атракција беше Божо Вреќо - кој за себе тврди дека не е ниту маж, ниту жена, туку се идентификува како флуиден би-џендер, што во превод значи дека некогаш е маж, некогаш жена, а некогаш и двете заедно.



Навикнете се на ваквите глетки, бидејќи со новиот закон за т.н. „родова еднаквост“ вие и вашите деца ќе ги гледаат сѐ почесто. Потенцираме дека новиот закон нема врска со „полова рамноправност“, туку главна цел му е форсирана интеграција на т.н. „небинарни родови идентитети“, на мажите што се идентификуваат како жени (и обратно), интеграција во распределба на буџетот, медиумската застапеност, програмска застапеност, вклучување во наставните програми на нашите деца, интеграција во законодавството, закони со кои ќе се казнува доколку на биолошки маж не му се обратите со лични заменки кои тој си ги избрал (пример „таа“, или во множинска форма „тие“) итн.


Зошто велиме форсирана интеграција? Гледано од искуството во другите земји, во повеќето случаи воопшто не се важни квалификациите или стручноста на луѓето со т.н. „разновидни родови идентитети“, туку е важно тие да бидат подеднакво интегрирани во распределба на буџетите, медиумите, културните програми, образованието, администрацијата, во сите сфери на јавниот и приватниот живот.


Кои се последиците од форсираната интеграција и од овој закон во светот?


  • Промена на наставните програми за основно образование и индоктринација на децата со родовата идеологија.

  • Биолошки мажи се натпреваруваат во женски спортски категории и како посилен пол ги земаат наградите на биолошките жени.

  • „Жени“ со пениси престојуваат во женски затвори, некои и ги силуваат жените во него.

  • За дискриминација ќе биде сметана забрана на маж да влезе во женски тоалет или женска соблекувална.

  • Аматери ќе мора да бидат вклучени, па и наградувани над професионалците, само затоа што се небинарни, или транс.

  • Покрај толку убави жени, наградата „мис“ ја добива маж само затоа што се идентификува како транс.

  • Форсирано вклучување на „другите родови“ под медиумското светло.

  • Спротивно на разумот и совеста, многумина се принудувани на маж да му се обраќаат како на жена и обратно, или на едно лице да му се обраќате во множинска форма затоа што тој си избрал лична заменка „they, them“.

  • Итн.

Новиот закон за т.н. „родова еднаквост“ е сѐ уште во процедура на предлог закон и сѐ уште чекаме министерството за труд и социјална политика да организира јавна расправа од стручни и засегнати лица.


Comments


bottom of page