Минатата година Коалицијата за заштита на децата објави конкурс за најубав цртеж и наубава писмена творба на темата „Моето семејство е мојот свет“. На конкурсот зедоа учество вкупно 60 деца, кои покажаа извонреден талент за цртање и пишување стихотворби и состави.
Главен спонзор на конкурсот беше прекрасната сопственичка на хотелот Шумски фенери, Љубица Мушуланова Ристевска, која на победничката Даниела Теова ѝ додели викенд престој во Шумски фенери за целото семејство.
Подолу може да ги погледнете творбите на сите деца, од кои првата е победничката, втората е онаа што за еден глас помалку се најде на второт место, а потоа следат сите според редоследот како ни беа испраќани.
Инструкции: за да ги погледнете творбите на цел екран, кликнете на менито што ќе ви се појави од десната долна страна кога ќе поминете со курсорот врз сликата, а потоа кликнете на квадратот. За излез од таквиот преглед, кликнете на плусот од десната долна страна или ESC на вашата тастатура. За да ја споделите збирката, кликнете на менито и на знакот за споделување (над квадратот).
コメント