top of page

ЗАШТИТЕТЕ ГИ ДЕЦАТА

СЕКОЕ ДЕТЕ

заслужува безбедно детство

Веруваме дека секое дете заслужува безбедно и безгрижно детство. Периодот од самото раѓање до крајот на адолесценцијата е најважниот период од човековиот развој, бидејќи тогаш настануваат најголемите психофизички и социјални промени. Искуствата од тој период го обликуваат понатамошниот развој и тие се од енормно значење за квалитетот на идниот живот како возрасни. Додека се мали, децата почнуваат да учат за биолошката реалност, а за време на периодот на пубертетот, тие истражуваат и се трудат да пронајдат кои се како личности и која им е целта на животот. Го бараат своето место во светот. 


Токму во раното детство и во адолесценцијата, децата се најранливи и секое надворешно влијание се впива во нивната потсвест и се одразува на нивното разбирање на светот и себеси. Бидејќи овој период е проследен со збунетост и повеќе прашања отколку одговори, децата имаат потреба од љубов и заштита. Заштитата се состои во тоа да ги оставиме децата да бидат деца, без да им се наментуваат проблемите и одговорностите на возрасните, особено без да се индоктринираат со разни неодржливи и измислени од човекот идеологии. 


За жал, тоа мирно детство почна да се нарушува со воведување на разни идеологии во образованието, од кои најзастрашувачка е (транс)родовата идеологија, којашто ја промовира идејата дека полот е променлив и мажите можат да станат жени, а жените можат да станат мажи. 


Токму затоа, постоеше голема потреба да се формира Коалиција за заштита на децата. Ве повикуваме и вие, заедно со нас, да помогнете да ѝ овозможиме на нашата иднина да застане на сигурни нозе! 

​

Сакате да се рекламирате на нашата страна или ги поддржувате нашите цели и заложби и сакате да донирате?

Следете го линкот за повеќе детали 

Добивај известувања

vesti
5.1_flipped_Public_Notices-Announcements_-_megaphone_with_gray_bkgrd_800pxl_Web.jpg
Bill-becomes-a-law-dynamic.jpg
shutterstock_1634432293_edited.jpg
video

Она што го гледаме во нашиот образовен систем е дека има голем опад на квалитетот на изучување на науката и писменоста, а голем подем на воведување споредни часови, како што е сеопфатното сексуално образование.

​

Сеопфатното сексуално образование (ССО) е предложено и туркано од страна на оние ЛГБТИ+ невладини организации, особено од ХЕРА, кои се застапуваат за воведување закони и теории во образованието спротивни на науката, како што е идејата дека има безброј пола/рода (не само машки и женски) и тие може да се менуваат. Тоа е нешто што е јасно од нивните веб страници, брошури и книги по ССО, меѓутоа јавно и отворено не го кажуваат на целата јавност, туку само тврдат дека целта на ССО е намалување на булингот и сексуално преносливите болести.

​

Оваа анти-научна идеја за полот имаат намера да ја презентираат и на деца од предучилишна возраст (градинка), како што покажуваат документи од Министерството за образование и наука.

​

Притоа, без да побараат мислење од родителите дали се согласуваат децата да го изучуваат горенаведеното, тврдат дека „повеќе од 90 отсто од родителите се согласуваат да се воведе сексуално образование“.

​

Тие не ви ја дадоа таа можност, но сега ние ви ја даваме. Одговорете ги прашањата подолу што мислите за воведување на ССО и потпишете ја петицијата.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВАШИТЕ ДЕЦА И КАКВИ ПРОГРАМИ СЕ ВОВЕДУВААТ ПО СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ (ССО) И РОДОВО-СЕНЗИТИВНО ОБРАЗОВАНИЕ (РСО)

Image by Avel Chuklanov

ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊА

Convention

НАСТАНИ

Image by Morgan Harper Nichols

КУРСЕВИ И ОБУКИ

Revewing Graphs

ИСТРАЖУВАЊА

СПОНЗОРИ

kopche-01.png
bottom of page